Топ-100
Back

ⓘ Левата рака на темнината е научно фантастичен роман од Урсула Ле Гвин објавен во 1969 година. Тој е дел од Хајниш циклусот, серија на книги од Ле Гвин поставени ..




                                     

ⓘ Левата рака на темнината

Левата рака на темнината е научно фантастичен роман од Урсула Ле Гвин објавен во 1969 година. Тој е дел од Хајниш циклусот, серија на книги од Ле Гвин поставени во измислениот Хајниш универзум. Тој е меѓу првите книги објавени во жанрот на феминистичка научна фантастика, и е меѓу најпознатите прегледи на безполова андрогинија во научната фантастика. Ле Гвин ја развила оваа идеја од желбата да истражи што останува како основа на човековата природа кога биолошкиот пол повеќе не е фактор.

Харолд Блум едитирал критична антологија за книгата и рекол во воведот дека "Ле Гвин, повеќе од Толкин, ја покрена фантастиката во високата литература, за нашето време".

Според воведот на Ле Гвин во 1976, книгата е "мисловен експеримент" за истражување на општество без мажи или жени, каде што поединците имаат биолошки и емоционални карактеристики и на двата пола.

Овој роман се одвива многу векови во иднината - датум не е даден, иако годината 4870 била сугерирана. Пратеник, Џенли Ај, е на планета наречена Зима "Гетен" на јазикот на својот народ да ги убеди граѓаните да се приклучат на Екумен колектив од 83 света. Зимата е, како што самото име укажува, планета која е секогаш ладна, и нејзините граѓани се "амбиполови", и поголемиот дел од времето се асексуални "потенцијали." Тие добиваат полови атрибути само еднаш месечно, во период на сексуална приемливост и висока плодност, наречен кемер, за време на кој поединци можат да добијат машки или женски атрибути, во зависност од контекстот и односите. Овие услови влијаеле врз развојот на цивилизациите на Зима. Меѓу другото, на планетата никогаш немало војна.

                                     
  • структурните карактеристики на човечката култура и општество и нивното влијание врз поединецот. Во Левата рака на темнината на пример, таа имплицитно ги
  • потоа таа брзо станува сурова со една реченица. На пример, Рас ја критикуваше Левата Рака на Темнината на Урсула Ле Гвин, која победила повеќе награди за
  • интерпретација на групниот портрет го нагласил и со сложените светлосни ефекти со кои лицата се дефинирани со градации на светлоста и темнината Секоја фигура
  • вели дека ако Кали излезе со левата нога и го држи мечот во десната рака таа е во форма на Самхара Кали. Таа е Кали на смртта, уништувањето и ја обожаваат

Users also searched:

...