Топ-100
Back

ⓘ Остатоци од денот е британски филм од 1993 година, во режија на Џејмс Ајвори, според сценариото на Рут Проер Џабвала, засновано врз романот на Казуо Ишигуро. Гл ..




                                     

ⓘ Остатоци од денот

Остатоци од денот е британски филм од 1993 година, во режија на Џејмс Ајвори, според сценариото на Рут Проер Џабвала, засновано врз романот на Казуо Ишигуро. Главните улоги ги толкуваат: Ентони Хопкинс, Ема Томпсон, Џејмс Фокс, Кристофер Рив, Питер Вон итн. Филмот освоил 19 награди и имал вкупно 27 номинации, вклучително и осум номинации за наградата "Оскар". Лондонските филмски критичари го прогласиле Ајвори за режисер на годината, а Хопкинс за глумец на годината.

                                     

1. Содржина

Дејството на филмот се одвива во Британија по Втората светска војна, а во него е прикажан животот во дворецот на лордот Дарлингтон го игра Фокс. Приказната ја раскажува госпоѓата Кентон ја игра Томпсон, која се присетува на својата служба кај лордот каде работела заедно со главниот батлер, Џејмс Стивенс го игра Хопкинс. Тој е беспрекорен во извршувањето на работата и слепо верен на својот господар, така што никогаш не ги покажува своите чувства, ниту пак го искажува своето мислење. Лордот често го посетуваат претставници на нацистичката Германија, како и нивните англиски симпатизери, но Стивенс никогаш не ги коментира нивните разговори. Неговиот стар татко го игра Вон, поранешен келнер, е болен и поради тоа е преместен на местото чистач, а Стивенс не покажува никакво сочувство кон својот татко, кој е огорчен поради новата понижувачка работа. Неговиот свет и неговите конвенционални критериуми и вредности ќе бидат разнишани со доаѓањето на домаќинката на куќата, госпоѓицата Кентон, која се вљубува во него. И таа е беспрекорна во работата, меѓутоа истовремено е чувствителна и кога ќе умре татко му на Стивенс, таа бдее над него, додека Стивенс е зафатен со послужување на угледните гости. Соочена со бесчувствителноста на Стивенс, Кентон запознава еден маж со кого набргу стапува во брак и го напушта имотот на лордот. Многу години подоцна, остарениот Стивенс оди во пензија и дури тогаш го преиспитува својто став кон работата и кон животот. Тој се среќава со госпоѓата Кентон, но дури и тогаш нема сила да ги покаже своите чувства кон неа. ref> HRT, Na kraju dana, britansko-američki film пристапено на 28.11.2020

                                     
  • врз остатоци од археолошко наоѓалиште од 9 век. Сокличевиот музеј располага со збирка од околу 1.500 археолошки и етнолошки предмети, собрани од некогашниот
  • јужно од манастирот, во месноста Брес, каде се наоѓаат остатоци од куќи. Се верува дека во манастирот живееле калуѓери, но турската власт на денот на манастирската
  • воопшто не биле од христијански карактер, па дури и некои од првите истражувачи на словенската митологија во нив препознале остатоци од пагански обреди
  • куќата е поврзана со тројца јавачи: еден на бел коњ со бела опрема, кој е Денот еден црвен јавач, кој е Сонцето и еден во црно, кој ја претставува Ноќта
  • сведочат остатоци од антички ѕидини и голема некропола во која се вршени погребувања во текот на осум столетија, од 4 век п.н.е. до 4 век н.е. Од епиграфските
  • предење. Основни модели на градежни конструкции се од дрво, тули и камен. Од овој период познати се остатоци од многу импресивни скулптури на човечки глави строги
  • некогашна тврдина, а внатре се наоѓаат рушевини од храм Св. Архангел На денот на црковната слава доаѓале луѓе и од околните села. На местото на денешното село
  • сметани за остатоци од нив и биле нарекувани Перунови стрели. Се верувало дека биле заштита од непогоди, несреќа, клетви и доста природно од громови.
  • сочувани се остатоци од ктиторска композиција која е истовремена со живописот во внатрешноста. На јужната фасада сочувани се остатоци од циклусот посветен
  • започна дури во 1995 година, кога Камерон успеал да ги сними оригиналните остатоци од бродот Титаник. Подоцна тој ја развил љубовната приказна и започнал со
  • icarus.2009.02.003. Зголемени слики на Итокава, астероид од збировит отпад Астрономска слика на денот Saturn s Moon Calypso, another possible rubble pile
  • се одржува во почетокот на септември секоја година по повод 8 септември денот на независноста на Македонија. Поради уникатните природни карактеристики

Users also searched:

...