Топ-100
Back

ⓘ Географија на Косово. Република Косово се наоѓа во централниот дел на Балканскиот Полуостров. Се граничи со: Србија на север и исток, Црна Гора на запад, Албани ..




Географија на Косово
                                     

ⓘ Географија на Косово

Република Косово се наоѓа во централниот дел на Балканскиот Полуостров. Се граничи со: Србија на север и исток, Црна Гора на запад, Албанија на југозапад и Македонија на југ. Зафаќа површина од 10.887 км 2. Главен град, а воедно и најголем, е Приштина.

                                     

1. Релјеф

Релјефот на Косово е составено од двете големи котлини Косово или Косовско Поле во централниот и источниот дел и Метохија во западниот дел кои се одделени со висорамнината и регион Дреница и планината Црнолева. На запад од Метохија кон границите со Албанија и Црна Гора се издигнува планинскиот масив Проклетие со највисокиот врв Ѓаравица со 2622 метри највисок во државата; на масивот се надоврзува планината Паштрик. На југ кон границата со Македонија се издигнува Шар Планина.

                                     

2. Води

Реките на Косово даваат вода на три речни слива: јадранскиот, егејскиот и црноморскиот. Јадранскиот слив е претставен преку целиот речен слив на реката Бел Дрим во Метохија, црноморскиот преку реките Ибар и Биначка Морава во Косово, а егејскиот слив е претставен преку реката Лепенец која се влева во Вардар во Македонија во близината на селото Злокуќани кај Скопје. Реката Неродимка е единствената река во Косово која по пат на природна бифуркација дава вода и на егејскиот и на црноморскиот речен слив.

                                     

3. Население

Официјален попис на населението на Косово немало уште од 1989 година кога Косово броело 1.677.000 жители, од кои Албанци биле 77.42%, Срби биле 13.22%, Муслимани Горанци и Бошњаци 3.70%, Роми 2.15% итн. Косово имало и најголем природен прираст на населението во поранешната СФРЈ со 25.3% наталитет 31.8%.

Но, по косовската криза во 1999 година етничкиот состав на покраината е драстично променет, поради иселувањето на околу 200.000 Срби и друго неалбанско население. Според пописот од 2011 година, Косово има 1.733.872 жители.

                                     

4. Територијална поделба

Територијата на Косово се состои од две поголеми региони, Косово и Метохија. Косово го зазема источниот дел од територијата, а додека Метохија се наоѓа на западна страна. Територијата на Косово административно е поделена на 7 окрузи и 24 општини. Главен град на Косово е Приштина, а воедно Приштина е и главен центар на округот Приштина.

Спред УНМИК, како второстепени административни единици се оштините.