Топ-100
Back

ⓘ Островот Шатер е американски филм од 2010 година, во режија на Мартин Скорсезе. Главните улоги ги толкуваат: Леонардо Ди Каприо, Бен Кингсли, Марк Рафало, Емили ..




                                     

ⓘ Островот Шатер

Островот Шатер е американски филм од 2010 година, во режија на Мартин Скорсезе. Главните улоги ги толкуваат: Леонардо Ди Каприо, Бен Кингсли, Марк Рафало, Емили Мортимер, Мишел Вилијамс, Патриша Кларксон и Макс фон Сидов. Филмот е снимен според истоимениот роман на Денис Лихејн од 2003 година. Покрај добрите оцени од страна на филмските критичари, филмот остварил и голем комерцијален успех, заработувајќи околу 300 милиони долари.

                                     

1. Содржина

Младиот федерален полицаец Теди Дениелс го игра Ди Каприо во 1954 година добива задача да го истражи исчезнувањето на една пациентка од психијатриската болница сметена на еден остров во близината на Бостон. Таму, тој наидува на неразбирање и отпор од страна на персоналот во болницата, а ситуацијата станува затегната кога, поради невреме, се прекинуваат комуникациите со копното и група криминалци успеваат да се ослободат од ќелиите во кои биле затворени. Навлегувајќи подлабоко во она што се случува на островот, Теди запаѓа во кошмар и започнува да се сомнева во своите сеќавања, во својот соработник, па дури и во војот здрав разум. На карјот, ситуацијата се менува од корен, кога докторите му кажуваат на Теди дека тој е психички болен човек, кој веќе долго време се лекува во болницата и дека неговата полициска истрага е само дел од лекувањето.

                                     
  • Друг забележителен пример е психолошкиот трилер на Мартин Скорсезе, Островот Шатер 2010 во кој американскиот маршал мора да испита психијатриска установа
  • Nominated - Satellite Award for Best Actor - Motion Picture Drama 2010 Островот Шатер Shutter Island Едвард Теди Даниелс Edward Teddy Daniels IOMA Award

Users also searched:

...