Топ-100
Back

ⓘ Осмиот патник е филмски серијал од жанрот научно-фантастичен хорор. Првиот филм од серијалот, режиран од Ридли Скот, започнал да се прикажува во 1979 година, а ..




                                     

ⓘ Осмиот патник

Осмиот патник е филмски серијал од жанрот "научно-фантастичен хорор".

Првиот филм од серијалот, режиран од Ридли Скот, започнал да се прикажува во 1979 година, а во главните улоги настапувале: Сигурни Вивер како поручникот Рипли, Том Скерит и Џон Херт. Филмот постигнал голем успех, донел многу новини во жанрот и станал дел од популарната култура, а добил и еден "Оскар" за најдобри визуелни ефекти.

Второто продолжение се појавило во 1986 година, а како режисер се јавил Џејмс Камерон. Во филмот глумеле Сигурни Вивер, Мајкл Бин, Ланс Хенриксен итн. Филмот имал дури седум номинации за "Оскар", а добил две награди: за визуелни ефекти и за звучна монтажа.

Третиот "Осми патник" се појавил во 1992 година во режија на Дејвид Финчер, познат по филмовите "Седум" и "Боречки клуб". Во 1997 година следувало четвртото продолжение, дело од Жан Пјер Жене, режисерот на филмовите "Амелија Пулен" и "Продавница за деликатеси", а во него, покрај Сигурни Вивер, глумела и Винона Рајдер.

Во февруари 2015 година било објавено дека ќе се снима петто продолжение на серијалот, во режија на Нил Бломкамп, кој претходно ги режирал научно-фантастичните филмови "Елисеум" и "Дистрикт 9", а Ридли Скот ќе биде во улога на продуцент. За главната улога, повторно, била најавена Сигурни Вивер. Режисерот Бломкамп ги најавил првите скици за филмот, според кои тој ќе се потпира врз приказната од филмот "Прометеј 2", т.е. ќе ја обработува приказната за почетоците на култните филмски чудовишта.

                                     
  • затвореничката драма Полноќен експрес 1978 научно - фантастичниот хорор филм Осмиот патник 1979 авантуристичкиот филм Роб Рој 1995 политичкиот трилер О за
  • и деведесетите со филмовите како што се Петтиот елемент, Матрикс и Осмиот патник Акциски хорор - Како што е тоа случај со научно - фантастичните акциони
  • за нишката на Шехерезада во: Итало Калвино, Ако една зимска ноќ некој патник Скопје: Магор, 2012, стр. 227. IMDb, Midnight in Paris 2011 пристапено
  • за Оскар. Август Вилсон станал првиот добитник на Пулицерова награда и осмиот сценарист вкупно кој добил посмртна номинација за Оскар. Победниците се
  • филмови кои го инспирирале: На запад ништо ново, Плата за стравот, Осмиот патник Брзина, Незапирлив, Алчност, Изгрејсонце, Рајановата ќерка, Битката
  • Класичниот исламски закон објаснува за начинот на облекување на секој патник однесувањето, пристигнувањето, заминувањето и настапувањето на секој од
  • со моќни водачи во петтиот век во царството какво што било кинеското во осмиот век. Нова дрѓавна теорија и нова владина структура го поддржале јапонскиот

Users also searched:

...