Топ-100
Back

ⓘ Бизмарково Море - мало погранично море во југозападниот дел на Тихиот Океан, северно од островот Папуа Нова Гвинеја и јужно од Бизмарковиот Архипелаг и Адмирали ..




Бизмарково Море
                                     

ⓘ Бизмарково Море

Бизмарково Море - мало погранично море во југозападниот дел на Тихиот Океан, северно од островот Папуа Нова Гвинеја и јужно од Бизмарковиот Архипелаг и Адмиралитетските Острови. Како и архипалагот, морето е наречено во чест на германскиот канцеларот Ото фон Бизмарк. Архипелагот се протега северно и источно од морето, заобиколувајќи го Бизмарковото Море и одделувајќи го од Тихиот Океан. На југ е поврзано со Соломонското Море преку протокот Витјаз.

Во морето на 3 и 4 март 1943 г. се одиграла Битка во Бизмарковото Море за време на Втората светска војна, каде американските и австралиските воздхопловни сили

                                     

1. Граници

Според Меѓународната хидрографска организација, Бизмарковото Море е "оној дел од Јужниот Тихи Океан кај североисточниот брег на Нова Гвинеја", со следниве граници:

на север и исток. По северниот и североисточниот брег на островите Нова Ирска, Нов Хановер, Адмиралитетските Острови, Пустиничкиот Остров и групата Ниниго, преку островите Ману и Ауа до Вувулу, а оттаму линија до ’ртот Бодисен во Нова Гвинеја 142°02 ИГД.

на југоисток. линија од јужниот крај на Нова Ирска долж напоредникот 4°50 ЈГШ до брегот на Нова Британија, долж нејзиниот северен брег, а оттаму линија од западниот крај преку северниот крај наостровот Умбој до ’ртот Телијата, Нова Гвинеја 5°55′S 147°24′E

на југозапад. По северниот брег на Нова Гвинеја.

                                     

2. Минерално богатство

Со неодамнешните испитувања на морското дно се откриени богати наоѓалишта на сулфиди, бакар, цинк, сребро и злато. Наодите имаат особено значење бидејќи се сместени во плитка и мирна вода. Правата на нивно искористување ги поседува Папуа Нова Гвинеја согласно меѓународното право.