Топ-100
Back

ⓘ Вилијам Даниел Филипс - американски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика во 1997, која ја споделил со Стивен Чу и Клод Коен Тануџи. ..




Вилијам Даниел Филипс
                                     

ⓘ Вилијам Даниел Филипс

Вилијам Даниел Филипс - американски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика во 1997, која ја споделил со Стивен Чу и Клод Коен Тануџи.

                                     

1. Животопис

Филипс се родил како син на Вилијам Корнелиј Филипс и Мери Кетрин Савино. Тој има италијанско и велшко потекло. Неговите родители се преселиле во Камп Хил близу Харисбург Пенсилванија) во 1959, каде посетувал средно училиште и се спремал за дипломските испити. Тој дипломирал во колеџот "Juniata" во 1970. Потоа тој го добил неговиот докторат по физика од Масачусетскиот институт за технологија. Во 1978, станал член на Националниот институт за наука и технологија.

Во 1996, го добил Мајкелсоновиот медал од Франклиновиот институт.

Филипсовата докторска теза се однесувала на магнетниот момент на протонот H 2 O. Ова водело до врската која подоцна би била важна во неговото истражување. Тој подоцна работел со Босе-Ајнштајновите кондензати. Во 1997 ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Клод Коен Тануџи и Стивен Чу за нивниот придонес окулу ласерското ладење пред сè за нивниот пронајдок на Земановиот успорувач, техника која го успорува движењето на гасовити атоми со цел подобро да може да се проучат, во Националниот институт за стандарди и технологија.

Филипс е исто така професор по физика во Мерилендскиот универзитет.

Тој бил еден од триесет и петте нобеловци кои потпишале писмо до претседателот Обама за обезбедување на 15 билиони долари на годишно ниво за поддршка на енергетско истражување, технологија и демонстрација.

Тој е еден од трите добропознати научници и методисти кои биле замешани во дијалогот за религијата и науката. Другите двајца научници и методисти се хемичарот Чарлс Кулсон и добитникот на Нобеловата награда за физика во 1981, Артур Леонард Шавлов.

Во октомври 2010 Филипс учествувал во отварањето на Американскиот научен и инженерски фестивал со програма во која студенти од основно и средно училиште биле дел од неформален разговор со научници кои ја добиле Нобеловата награда. Филипс исто така е член на советодавниот одбор на Американскиот фестивал за наука и инженерство.

                                     

2. Личен живот

Филипс се оженил со Џејн Ван Винен набрзо пред да замине во Масачусетскиот институт за технологија. Во почетокот на нивниот брак тие не ја посетувале многу често црквата. Сеедно, во 1979, тие се придружиле на Евангелско-методистичката црква во Гејтерсбург, Мериленд затоа што тие ја почитувале разновидноста. Тој е основач на Меѓународно друштво за наука и религија на Семрежниот архив англиски. Тој и неговата жена имале две ќерки, Кејтлин Филипс родена на 1979 која била основоположник на "Rebound Designs" и Кристин Филипс родена на 1979 која работи во научната комуникација.

За време на семинар во одделот за хемија и биохемија насловен Кохерентни атоми во решетки, Филипс изјавил: "Рубидиумот е дар од бога за Босе-Ајнштајновите кондензати".

                                     

3. Надворешни врски

  • development of methods to cool and trap atoms with laser light.
  • Nobel autobiography
  • "Nobelist William Phillips Addresses ASA 99"
  • Curriculum Vitae од NIST.
                                     
  • Планина Џејк Гиленхал, и колешката на Вилијамс од сетот на Досон Креек Бизи Филипс Леџер го продаде неговиот дом во Бронте, Нов Јужен Велс и се пресели во
  • италијански крал. 1903 Тома Давидов - бугарски офицер. 1937 Хауард Филипс Лавкрафт - американски писател. 1959 Лестер Јанг - американски џез - музичар
  • француска глумица. 1946 Елијас Фигуероа - чилеански фудбалер. 1981 Шон Рајт Филипс - англиски фудбалер. 1984 Кети Пери - американска пејачка. 1990 Матија

Users also searched:

...
...
...