Топ-100
Back

ⓘ Демографија на Грузија. Под демографски особености на населението на Грузија ги подразбираме прирастот на населението, густина на населеноста, етничка припаднос ..




Демографија на Грузија
                                     

ⓘ Демографија на Грузија

Под демографски особености на населението на Грузија ги подразбираме прирастот на населението, густина на населеноста, етничка припадност, степенот на образованост, здравјето, економскката состојба, вероисповедта и други параметри.

                                     

1. Демографски тежнеења

Од стекнувањето на независноста наваму, фемографската состојба во Грузија, како и кај другите поранешни советски републики особено Естонија и Латвија се карактеризира со намалување на населението и значаен пораст на застапеноста на грузиската националност. Помеѓу 1989 и 2002 г. бројот на етнички Грузијци се зголемил за цели 10 процентни бодови - од 73.7% на 83.7% од населението.

Во советскиот период и во првите години на независноста, бројот на населението постепено се зголемувал, искачувајќи се под 4 милиони во 1950-тите до 5.5 милиони во 1992 г. По ова, бројноста почнала да опаѓа, намалувајќи се на 4.5 милиони во 2005 г. Тука се вброени и сепаратистичките области Абхазија и Јужна Осетија, чие население во истата година е проценето на 178.000 односно 49.200. Без нив, населението на сите територии под грузиска власт во 2005 г. изнесувало 4.321.500, а во 2008 г. се накачило на 4.382.100 жители.

                                     

2. Отселување

Грузија важи за една од земјите со највеќе иселувања во светот согласно извештајот на Светската банка од 2007 г. На пописот во 2002 г. е утврдена загуба на 1.1 милиони жители, или 20% од населението во споредба со почетокот на 1990-тите. Ова се должи на потрегата по работа и опаѓањето на родноста. Од стекнувањето на независноста до денес, од Грузија се иселиле 300.000 Руси, 200.000 Грузијци, 200.000 Ерменци, 85.000 Грци, 50.000 Азери, 50.000 Украинци и 20.000 Евреи.

                                     

3. Етнички групи

Најброен народ во земјата се Грузијците, со 84% од населението 2002. Соодносот во 2002 г. бил многу повисок од претходно, бидејќи најголемиот дел од Абхазија и половина Јужна Осетија не биле под власта на грузиската држава и затоа не се вброени. Поради ова, застапеноста на Осетите и Абхазите на пописот била многу мала 0.9% односно 0.1%.

                                     

4. Јазици

грузиски 71% службен, азерски 6.5%, ерменски 5.7%, останати 4.0% во кои руски, апхаски и осетски,

Напомена: апхаскиот е службен јазик во делумно признаената држава Абхазија.

                                     

5. Демографски податоци за 2012 г. според Светската книга на факти на ЦИА

Следниве статистички податоци се преземени од Светската книга на факти на ЦИА

Старосен состав

  • 15–64 г.: 69.4% ▲ машки 1.509.8/женски 1.610.8
  • 0–14 г.: 16.9% ▼ машки 401.3/женски 359.8
  • 65 и повеќе год.: 13.7% ▼ машки 232.7/женски 383.2 2012

Средна возраст:

  • женски: 41.6 г. проц. за 2011 г.
  • вкупна: 39.1 г.
  • машки: 36.6 г.

Прираст на населението:

  • -0.327% проц. за 2012 г.

Полов сооднос:

  • вкупно население: 0.91 машки/женски проц. за 2012 г.
  • под 15 г.: 1.15 машки/женски
  • 65 и повеќе год.: 0.66 машки/женски
  • 15–64 г.: 0.94 машки/женски
  • новороденчиња: 1.11 машки/женски

Смртност кај новороденчињата:

  • машки: 16.58 случаи/1.000 живородени
  • женски: 12.59 случаи/1.000 живородени проц. за 2012 г.
  • вкупно: 14.68 случаи/1.000 живородени

Животен век:

  • вкупно население: 74.5 г.
  • машки: 70.2 г.
  • женски: 78.6 г. проц. за 2012 г.

Вкупна плодност: 1.71 деца/жена проц. за 2012 г.

ХИВ/СИДА

  • застапеност кај возрасните: lпомалку од 0.1% проц. за 2007 г.
  • заболени од ХИВ/СИДА: 2.700 проц. за 2007 г.
  • смртни случаи: помалку од 200 проц. за 2003 г.

Писменост: над 15 г. возраст

  • женски: 100% проц. за 2004 г.
  • машки: 100%
  • вкупно население: 100%


                                     
  • Грузија грузиски: საქართველო позната до 1995 како Република Грузија грузиски: საქართველოს რესპუბლიკა - е држава во Источна Европа. На запад, Грузија
  • надворешни работи: Шпанија: грчката заедница Видете Демографија на Полска Национална статистичка служба на Република Ерменија: Попис 2002 Република Грција:
  • главен град на Грузија Се простира реката Кура и има околу 1.152.500 жители. Тбилиси е основан во 458 г. од царот Вахтанг I Горгасали на местото на малечко
  • независна република во состав на Грузија Независноста на Абхазија е призната од Венецуела, Русија, Никарагва и Науру. Во контекст на тоа не се признаваат за
  • 64167 E 27.46667 89.64167 и на надморска височина од 2320 метри. Список на градови во Бутан Географија на Бутан Демографија на Бутан Наречен и Тимпу
  • површина на земјата изнесува 29.800 км2, и според тоа се наоѓа на 142 место по големина во светот. Ерменија граничи на север и исток со Грузија и Азербејџан
  • Дагестан Ингушетија Северна Осетија - Аланија Ставрополски крај Надворешни: Грузија Реки: Терек Сунжа Аргун Чеченија е сместена во Московската часовен појас
  • Батум е пристанишен град на источниот брег на Црното Море и главен град на Аџарија, автономна република во југозападна Грузија Има вкупно население од
  • Самцхе - Џавахетија груз - სამცხე - ჯავახეთი е регион во јужна Грузија со Ахалцихе како главен град.Таа има 6 административни дистрикти: Ахалцихе, Адигени
  • Демографија на Ватикан Главна статија: Религија во Ватикан Некаде околу 890 жители живеат во внатрешноста на ватиканските ѕидини. Граѓаните на Ватикан

Users also searched:

...