Топ-100
Back

ⓘ Хиперхолестеролемија претставува високо ниво на холестерол во крвта. Претставува форма на хиперлипидемија и хиперлипопротеинемија. Холестеролот е стерол; види д ..




Хиперхолестеролемија
                                     

ⓘ Хиперхолестеролемија

Хиперхолестеролемија претставува високо ниво на холестерол во крвта. Претставува форма на "хиперлипидемија" и "хиперлипопротеинемија".

Холестеролот е стерол; види дијаграмска структура десно. Сочинува една од трите мајорни класи на липиди кои сите животински клетки ги користат за градба на нивните мембрани, па така е произведен од сите животински клетки. Клетките на растенијата не произведуваат холестерол. Исто така е прекурзор на стероидните хормони, жолчните киселини и витаминот Д.

Бидејќи холестеролот не е растворилв во вода, во крвната плазма се транпортира вметнат во протеини липопротеини. Липопротеините се класифицирани на основа на нивната густина: липопротеини со многу мала густина VLDL, липопротеини со мала густина LDL, липопротеини со средна густина IDL и липопротеини со висока густина high HDL. Сите липопротеини содржат холестерол, меѓутоа покачени нивоа на липопротеини со исклучок на HDL, а особено покачени новоа на LDL се поврзани со зголемен ризик за атеросклероза и коронарна срцева болест. За разлика од ова, повисоки нивоа на HDL холестерол делуваат протективно. Зголемените нивоа на нон HDL и LDL холестерол може да се последица од исхрана, обезност, наследни генетски болести како мутации на рецепторот за LDL кај фамилијарна хиперхолестеролемија, или други болести како дијабет и хипоактивна штитна жлезда.

За намалување на вкупниот холестерол и LDL холестеролот кај возрасни се препорачува намалување на внесот на заситени масти со храната. Кај лица со многу високи нивоа на холестерол пр. фамилијарна хиперхолестеролемија, диетата обично не е доволна за да се намали нивото на холестерол и вкупните масти. Во овие случаи често се потребни лекови кои ја намалуваат продукцијата и апсорпцијата на холестерол. Доколку е неопходно, се изведуваат други терапевтски зафати, како LDL афереза или хируршки постапки.

                                     

1. Знаци и симптоми

Иако хиперхолестеролемијата сама по себе е асимптоматска, долготрајно покачени нивоа на холестерол во крвта можат да доведат до атеросклероза. Во тек на повеќе години, хронично покачените нивоа на холестерол можат да придонесат во создавањето на атероматозни плаки во артериите. Ова миже да доведе до прогресивна стеноза стеснување или дури целосна оклузија блокирање на зафатените артерии. Помалите плаки можат да се распрнат руптурираат, доведувајќи до формирање на тромб, кој може да го попречи крвниот проток. Ненадејната оклузија на коронарна артерија доведува до миокарден инфаркт срцев удар. Оклузија на артерија која го снадува мозокот со крв доведува до мозочен удар. Доколку стенозата или оклузијата се развиваат постепено, тогаш протокот на крв до ткивата и органите се намалува додека не се наруши функцијата на органот. Притоа, ткивната исхемија прекин на снабдување со крв може да се манифестира со специфични симптоми. На пример, привремена исхемија на мозокот, позната како транзиторна исхемична атака) може да се манифестира со привремен губиток на видот, вртоглавица и нарушување на рамнотежата, афазија нарушување на говорот, пареза слабост и парестезија трпнење, обично на една страна од телото. Недоволно крвоснабдување на срцето може да се манифестира со градна болка, а исхемија на очите може да се манифестира со минливо слепило на едното или двете очи. Недоволен проток на крв во нозете се манифестира со болка во листовите при одење, додека исхемија на цревата се презентира како абдоминална болка посе оброк.

                                     
  • хиполипидемик и припаѓа во групата статини. Се користи за контрола на хиперхолестеролемија зголемено ниво на холестерол во крвта и за превенција на кардиоваскуларни
  • густина HDL Се користи сам или заедно со статини во третманот на хиперхолестеролемија и хипертриглицеридемија. Фенофибратот се користи од 1975, и е еден
  • мултифакториелна кај овие пациенти па ризик факторите како хипертензија, хиперхолестеролемија дијабетес мелитус и пушење придонесуваат за нејзино настанување