Топ-100
Back

ⓘ Марија Комнина, ќерка на Мануил I. Марија Комнина Порфирогенита била византиска принцеза, најголема ќерка и прво дете на император Мануил I Комнин и Берта фон З ..




                                     

ⓘ Марија Комнина (ќерка на Мануил I)

Марија Комнина Порфирогенита била византиска принцеза, најголема ќерка и прво дете на император Мануил I Комнин и Берта фон Зулцбах. Марија била наречена Порфирогенита, бидејќи по старата традиција императорката го радило своето прво дете, за кое сите се надевале дека ќе биде машки наследник на престолот, во посебна сала во царската палата, наречена Пурпура сала ".

Во 1163 година Марија Порфирогенита била свршена за унгарскиот крал Бела III. Император Мануил, кој не верувал дека ќе се здобие со машки наследник, планирал да го посочи за наследник на престолот идниот зет, за што го удостоил со титулата деспот и името Алексиј. Веридбата на Марија и крал Бела III била повлечена во 1169 година, веднаш откако втората сопруга на императорот, Марија Антиохиска родила син на Мануел I, Алекссиј. Набргу потоа Марија Порфирогенита биласвршена за крал Вилхелм III Сицилијански, но и овој брак бил повлечен е од Мануил I. Конечно во 1180 година Марија се омажила за Рајнер Монфератски 1162-1183, кој го променил своето име во Јован и ја добил титулата Цезар.

По смртта на царот Мануил I Комнин во февруари 1181 година, Марија Порфирогенита и сопругот организирале заговор против регентството на Марија Антиохиска која управувала од името на малолетниот Алексиј II Комнин. Тие на своја страна го привлекле цариградскиот патријарх и Андроник Комнин, братучед на царот. Како првородена ќерка на Мануил Комнин, Марија Порфирогенита се сметала за легитимна наследничка на власта во империјата, а и имала години за да може да владее. Заговорот сепак бил откриен во почетокот на март истата година и патријархот бил уапсен по наредба на Алексиј Комнин, што го означило почетокот на крвавата одмазда по улиците на Цариград. За време на овие настани Марија Порфирогенита, Рајнер Монфератски и група нивни истомисленици биле опседнати во црквата Св. Софија пред Велигден на 5 април. Првично Марија Антиохиска и Алексиј Комнин им понудиле на двајцата амнестија, но тие категорично одбиле, бидејќи се потпирале на помошта на населението на градот, што во најголем дел ги поддржувале. Во подготовките за освојувањето на црквата Алексиј ја испратил против бунтовниците царската гарда, а луѓето на Марија Антиохиска ги уништиле зградите околу црквата и Августајон кои служеле за прикривање на бунтовниците.

Големата битка меѓу царската војска и оние во црквата започнала на 2 мај 1181 година. По одреден отпор некои од луѓето на Марија Порфирогенита и цезарот Рајнер се предале, а други се самоубиле во самата црква. Рајнер направил обид да ја пробие опсадата, но подоцна во текот на денот бил принуден да отстапи повторно зад ѕидовите на храмот. Во меѓувреме, во негово име, патријарх Теодосиј ги замолил на регентите за привремен прекин на борбите. Марија Антиохиска и Алексиј Комнин го прифатиле предлогот и испратиле делегација, која да преговара. Марија и Рајнер добиле гаранација дека нема да го изгубат статусот во дворскат хиерархија, по што борбите конечно биле прекинати.

Во 1182 година Андроник Комнин влегол во градот ги потикнал неговите жители да извршат масовни колежи во соседството на Латините, односно населбите населени претежно од Венецијанците и Генуезци. Откако Андроник воспоставил контрола над Цариград, царицата Марија Антиохиска била уапсена и фрлена во зандана, а Марија Порфирогенита и Рајнер Монфератски биле отруени по негова наредба. Самиот Андроник Комнин застанал на чело на регентскиот совет на малолетниот Алексиј II Комнин, кој го убил подоцна.

                                     
  • Комнин бил внук на последниот цар од династијата Комнини, Андроник I Комнин, иако неговиот син Мануил Комнин, кој се оженил со Русудан, ќерка на Георги III
  • Алексиј I во почетокот за престолонаследник го одредил младиот Константин Дука, синот на Михаил VII, и го свршил со својата најстара ќерка Ана. Но кога
  • Србија и Антиохија. Јован бил наследен од Мануил I Комнин во 1143 година. Од бракот со својата сопруга Марија е роден идниот Алексиј II Комнин. Во првите
  • снована од страна на неговата сопруга Ирина. Јован бил наследен од Мануил I Комнин во 1143 година. Од бракот со својата сопруга Марија е роден идниот Алексиј
  • на грчката принцеза Евдокија и сопруг на Ана Ангелина Комнина Дукина, ќерка на моќниот деспот на Епир, Теодор I кој подоцна бил крунисан за цар. Затоа

Users also searched:

...