Топ-100
Back

ⓘ Ноќта пред Божиќ - американски анимиран филм од 1993 година, во режија на Хенри Селик, според идејата и приказната на Тим Бартон. Гласовите ги позајмуваат: Дани ..




                                     

ⓘ Ноќта пред Божиќ

Ноќта пред Божиќ - американски анимиран филм од 1993 година, во режија на Хенри Селик, според идејата и приказната на Тим Бартон. Гласовите ги позајмуваат: Дани Елфман, Крис Сарандон, Кетрин ОХара, Вилијам Хики итн. Филмот трае 76 минути и бил снимен со буџет од 18 милиони долари. Во 1994 година, филмот бил номиниран за наградата "Оскар" за најдобри визуелни ефекти, како и за наградата "Златен глобус" за најдобра музичка нумера.IMBd, The Nightmare Before Christmas - Awards

                                     

1. Содржина

Во Градот на Ноќта на вештерките Halloween Town живеат сите измислени плашила од приказните - врколаци, вампири, вештерки, зомби итн. На страшилото со глава на тиква, Џек Скелингтон му е дојдено преку глава од постојаните прослави на Ноќта на вештерките, која секоја година, на ист начин, ја организира градоначалникот. Сакајќи нешто да промени, тој добива необична идеја, откако случајно ќе појде во Градот на Божиќ Christmas Town, каде ќе ги види Дедо Мраз, подароците, песните итн. Затоа, непосредно пред Божиќ, тој го грабнува Дедо Мраз и ја презема неговата улога. Единствено, девојката Сали, која е вљубена во Џек, се обидува да го разубеди, бидејќи претчувствува дека ќе се случат лоши работи. Џек на сите деца им дава необични божиќни поклони - страшни играчки кои оживуваат ги плашат децата. Така, на целата Земја настанува паника и војската со топови го гаѓа Џек додека тој лета на небото. Еден проектил го погаѓа Џек и тој паѓа на гробиштата, сфаќајќи дека погрешил. Тој набрзина се враќа во Градот на Ноќта на вештерките, каде Дедо Мраз е заробен од плашилото во форма на вреќа Oogie Boogie. Џек се бори со плашилото и успева да ги спаси Дедо Мраз и Сали. Откако ќе биде ослободен, Дедо Мраз набрзина ја поправа работата и на сите деца им ги дели вистинските божиќни подароци, а над градот на страшилата започнува да паѓа снег.

                                     
  • успеал да заработи номинација во категорија за најдобар анимиран филм Ноќта пред Божиќ 1993 и Кубо и двете жици 2016 се единствените анимирани филмови
  • професор по книжевност, човек во педесеттите години од животот го чека Божиќ сам во својот стан во Осло. За време на бадниковата вечера, тој ги набљудува
  • на Едвин С. Портер Живите карти за играње, во режија на Жорж Мелјес Ноќта пред Божиќ во режија на Едвин С. Портер, со глумецот Хари Етинџ Автомобилски
  • 1974 Има пародија за тоа од групата Појасот Газа во албумот Ноќта пред Божиќ 1991 Снежната девојка е песна што не била вклучена во филмот
  • по издавањето на поемата Посета од Дедо Мраз денес позната како Ноќта пред Божиќ Поемата била издадена на 23 декември 1823 година, во Трој, Њујорк
  • веднаш, и пашите се договориле да го започнат главниот напад во ноќта за време на Божиќ 24 декември, сметејќи дека грците ќе бидат изненадени. Планот
  • што е смреката, борот или елка, традиционално поврзани со прославата на Божиќ Вештачката елка е предмет направен да личи на дрво, најчесто направен од
  • Повлекувајќи се пред фашистичката потера, низ снежната виулица, ранети и прегладнети младите партизани заштитени од темнината на ноќта се довлечкале до
  • ексцентрични тематики како што се: Битлџус, Едвард Сизорхендс, Кошмарот пред Божиќ Заспаната долина, Мртвата невеста и Свини Тод: Демонот бербер од Флит
  • градовите како Бургхаузен, Браунау и Шердинг. Во ноќта на Божиќ околу 3.000 бунтовници пристигнале пред портите на Минхен, но градот бил заштитен и илјада
  • му на Хари да го фати златниот летач и да Грифиндор да издвои победа. На Божиќ Хари ја добива невидлива наметка која припаѓала на татко му, но не знае

Users also searched:

...