Топ-100
Back

ⓘ Нездружено подрачје или слободна област - разграничена област која не припаѓа на ниедна политичка општина. Главно овие области се ненаселени. ..




Нездружено подрачје
                                     

ⓘ Нездружено подрачје

Нездружено подрачје или слободна област - разграничена област која не припаѓа на ниедна политичка општина. Главно овие области се ненаселени.

                                     

1. Германија

Во Германија постојат слободни области, кои се создадени од страна на државата, кои никогаш не припаѓале на некоја општина и биле означени како слободни области.

Слободните области или се наоѓаат во посед на сојузните покраини, во кои се наоѓаат, во посед на Сојузната Република Германија или на Сојузната служба за недвижнини. Административното право на управување припаѓа на сојузната власт, на окружната власт на соодветните окрузи и на надлежните управни служби во соседните општини. Исклучок се две население слободни област со сопствена администрација во Долна Саксонија, како и две слободни области во Шлезвиг-Холштајн, за кои се надлежни општинските служби, каде што и припаѓаат областите.

Со оглед на уставно загарантираното комунално самовладеење и демократските принципи во правната литература се појавуваат сомневања против постоење на слободни области кои се населени.

                                     

1.1. Германија Преглед

Во Германија постојат 227 слободни области во внатрешноста, кои се поделени на пет сојузни покраини состојба 1 јануари 2011 г.:

Германските области од онаа страна на крајбрежната линија задолжително првично биле слободни области. Ова се однесува на крајбрежните покраини, Мекленбург-Западна Померанија, Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн на Северното и Балтичкото Море. Одредени водени површини биле целосно вметнати во општините. Исто така, земјишните поседи, кои биле освојувани, не биле автоматски доделувани на најблиската општина, туку морало да се озакони целата процедура.

Во 2000 година, бројот на слободни области во Германија изнесувал 295 со вкупна површина од 4.890.33 км 2. Сè повеќе слободни области се укинувани и нивната површина е приклучувана во соседните општини, особено во Баварија, сојузната покраина со најмногу слободни области. Исто така се случуваат и намалувања на површината на слободните области.

                                     

1.2. Германија Слободни области по површина

Подолу се споменати најголемите слободни области во Германија вклучувајќи ги сите населени области, но без езерата со површина од повеќе од 50 км 2:

Во Баварија постојат уште неколку други слободни површини кои заедно имаат повеќе од 50 км 2, но се споени од неколку соседни слободни области, додека поединечно не се поголеми од 50 км 2.

                                     

1.3. Германија Слободни езера

Сите езера, кои не припаѓаат на ниедна општина и со тоа се слободни области, се наоѓаат во Баварија. Во првото основање на баварските слободни области во 1956 година биле означени уште и како "водени окрузи" Wasserbezirke.

Слободната област "Вагиншко Езеро" е составена од двете езера, Вагиншко Езеро и Тахиншко Езеро.

Островите во првите гореспоменати езера не припаѓаат на слободните области на езерата. Најпосле, границите на езерата се сметаат како слободни области и како водени површини во најголем дел.

                                     

1.4. Германија Населени слободни области

Само две слободни области се населени:

Поранешни населени слободни области се источнофризискиот остров Мемерт, кој имал двајца жители на 31 декември 2002 година, но од 2004 не е повеќе населен и Гутсбецирк Минзинген, кој на 1 јануари 2011 година бил намален за населените делови на областа.

                                     

2. Австрија

Во Австрија не постојат слободни области. Целата држава е поделена на општините според сојузниот устав, при што спаѓаат и сите водни површини, планини и други ненаселени области, кои се наоѓаат во некоја општина. Поради тоа австриските општини пред сè на Алпите често имаат големи површини. Тиролската општина Зелден со околу 467 км 2 е поголема во површина од главниот град Виена, а има само 4000 жители.

                                     

3. Швајцарија

Во Швајцарија не се користи ознаката "слободна област", но и тука се наоѓаат области без комунална инфраструктура, како статистичките "површини надвор од политичките општини". Тие се наоѓаат под директна управа на државата, односно на поединечниот кантони.

Во ненаселени области се вбројуваат:

  • 22 езера, некои поделени помеѓу повеќе кантони, а некои езера поделени помеѓу повеќе држава Женевско Езеро, Боденско Езеро и Маџоре, како и
  • Државна шума Галм државен посед во кантонот Фрајбург.

Кон населени слободни области се вбројуваат манастирите Грименштајн и Воненштајн.

Манастирот Фар, ексклава на кантонот Аргау во кантонот Цирих, до 31 декември 2007 година не припаѓал на ниедна општина, но од 1 јануари 2008 година е област на општината Виренлос.

                                     

4. Невклучени територии

Невклучени територии е административна ознака за англосаксонските земји. Го означува секој вид на област, која нема сопствена администрација. Често ваквите области се непосредно управувани од соседните повисоки административни власти.

                                     

4.1. Невклучени територии САД

Во САД постојат голем број невклучени територии. Овие се под власт во одредени сојузни држави на окрузите, а во друг на градовите. Многу често постојат населби со сопствени имиња и социјален идентитет во овие области, наречени "невклучени заедници". Овие населби ниту го имаат статусот на самостојна општина, ниту се дел од таквите општини. Многу невклучени заедници се прифатени со нивните имиња како поштенско одредиште, а многу се означени и за време на пописот.

Несолвентните општини можат да се прогласат за "невклучена област".

                                     

4.2. Невклучени територии Канада

Не секоја "невклучена територија" претставува "слободна област" според гореспоменатата дефиниција; во Канада секоја населба, која нема самостојна општина, туку само општински дел, е означена како "невклучена населба".

                                     
  • случај на Лохајде и Остерхајде, е сојузната влада. Управувањето со нездружено подрачје е различно од она на општините. Тие имаат окружен предводник Bezirksvorsteher
  • случај на Лохајде и Остерхајде, е сојузната влада. Управувањето со нездружено подрачје е различно од она на општините. Тие имаат окружен предводник Bezirksvorsteher

Users also searched:

...