Топ-100
Back

ⓘ Клаустал-Целерфелд - град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа во југозападниот дел на планинскиот масив Харц. На 1 јануари 2015 година, о ..




Клаустал-Целерфелд
                                     

ⓘ Клаустал-Целерфелд

Клаустал-Целерфелд - град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа во југозападниот дел на планинскиот масив Харц.

На 1 јануари 2015 година, општинската заедница Горен Харц со нејзините општини, градот Клаустал-Целерфелд, гратчето Алтенау, гратчето Вилдеман и Шуленберг во Горен Харц била укината и бил образуван новиот град Клаустал-Целерфелд од дотогаш самостојаните општини. Градскиот дел Клаустал е седиште на Техничкиот универзитет Клаустал.

                                     

1. Историја

Всушност, Клаустал-Целерфелд се состои од два града: Клаустал и Целерфелд кои биле споени во 1924 година за да создадат една административна единица. Клаустал е познат по стариот Технички универзитет Клаустал и неговите прекрасни градби, додека Целерфелд е вообичаено туристичко одредиште за планинарите и спортистите во зима. Клаустал-Целерфелд е најголем град во областа и се наоѓа во планината отколку на неговите падини.

Рударството во областа започнало во XVI век. Современите сајли биле пронајдени да служат за ископување во рудниците за железо во 1830-тите години од германскиот рударски инженер Вилхелм Алберт. Биле брзо прифатени бидејќи се покажале надмоќни над јажињата направени од коноп или од металните синџири, како што се користеле претходно и наскоро нашле најразлична примена, вклучувајќи ја и нивната употреба во висечките мостови. Железницата "Долина Инерсте" била отворена во 1877 година и се проширила до Алтенау во 1914 година. Импресивната железничка градба и 70 градби во градот биле уништен во воздушен напад на 7 октомври 1944 година. Вкупно, 92 лица ги загубиле своите животи.

Рударските активности траеле до 1930 година кога рудните богатства биле истрошени и повеќе не било финансиско исплатливо. Денес, постојат бројни остатоци на рудници во областа на Харц, некои од нив претворени во музеи. Железничката линија била затворена во 1976 година. Поранешната железничка станица, која била обновена во периодот 1961-1963, откако била уништена во 1944 година, е дом на туристичко-информативното биро и градската библиотека.

Техничкиот универзитет Клаустал бил основан во 1775 година за рударство. Денес, покрива најразлични областа од инженерството.

                                     

2. Култура и знаменитости

  • Водостопанство Горен Харц

Музеи

  • Технички универзитет Клаустал
  • Рударски музеј Горен Харц

Градби

  • Протестантска црква во Целерфелд - изградена 1674-83
  • Главната градска црква во Клаустал - најголема дрвена црква во Германија со 2200 места, изградена 1639-42 година, додека камбанаријата потекнува од 1637 година
  • Шумска градба во Клаустал - изградена 1726-30
  • Поранешна железничка станица - уништена во 1944 година и повторно изградена во 1961-63 година
  • Родната куќа на Роберт Кох
  • Ковачница во Клаустал - употребувана помеѓу 1617–1849
  • Градби во системот за водно управување Горен Харц
  • Куќа Дицел во Целерфелд - потекнува од 1674 година
  • Старата аптека во Целерфелд - изградена во 1674 година со дрвени релјефи
                                     

3. Луѓе

Родени во Клаустал-Целерфелд

  • Даниел Бем р. 1986 - биатлонец
  • Хајнрих Халфелд 1797-1873 - инженер
  • Ото Ерих Хартлебен 1864–1905 - писател и драматург
  • Роберт Кох 1843–1910 - микробиолог
  • Дитрих Гренемајер р. 1952 - лекар
  • Георг Филип Телеман 1681–1767 - композитор

Поврзано со градот

  • Јохан Фридрих Лудвиг Хаусман 1782–1859 - минералог
  • Фридрих Адолф Ремер 1809–1869 - геолог
  • Арнолд Зомерфелд 1868–1951 - теоретски физичар
  • Вилхелм Алберт 1787–1846 - рударски инженер и пронаоѓач
                                     

4. Надворешни врски

  • Клаустал-Целерфелд на Ризницата?
  • "Клаустал". Енциклопедија Британика XI. 1911. Cambridge University Press. англиски
  • Официјална страница германски
  • Клаустал-Целерфелд - Проект "Отворен директориум" англиски
                                     
  • Од 1 јануари 2015 година е дел од градот Клаустал - Целерфелд Се наоѓа во западниот дел на планинскиот масив Харц, северозападно од Клаустал - Целерфелд
  • Харц германски: Altenau - Schulenberg im Oberharz - место на градот Клаустал - Целерфелд округот Гослар, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија
  • 2015 година е дел од градот Клаустал - Целерфелд Се наоѓа во средишниот дел на планинскиот масив Харц, помеѓу Клаустал - Целерфелд и Брокен. Бил дел од поранешната
  • и поранешна општина во округот Гослар, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Од 1 јануари 2015 година е дел од градот Клаустал - Целерфелд
  • во градот Клаустал - Целерфелд Била распуштена во јануари 2015 година, кога нејзините членки биле приклучени кон градот Клаустал - Целерфелд Општинската
  • градот Вилдеман и местото Алтенау - Шуленберг во Горен Харц на градот Клаустал - Целерфелд градскиот дел Санкт Андреасберг и други населби повеќето викенд - населби
  • западниот дел планинскиот масив Харц, околу 7 километри западно од Клаустал - Целерфелд и 10 километри северно од Остероде. Бад Грунд била дел од поранешната
  • Места Алтенау - поранешен град во Горен Харц, денес дел од градот Клаустал - Целерфелд Реки Алтенау Окер - притока на Окер кај Волфенбител во Долна Саксонија

Users also searched:

...