Топ-100
Back

ⓘ Антим II Цариградски. Антим е роден во Цариград во благородничко и богато семејство. Пред да биде избран за Цариградски патријарх тој бил митрополит во Одрин. Н ..




                                     

ⓘ Антим II Цариградски

Антим е роден во Цариград во благородничко и богато семејство. Пред да биде избран за Цариградски патријарх тој бил митрополит во Одрин.

Неговото кусо начелствување не се смета за прдолжение на судирот меѓу оние кои го поддржувал прокалвинистичкиот патријарх Кирил I, кој бил поддржан пак од холандскиот и англискиот амбасадори, и противниците кои пак биле поддржани од францускиот, австрискиот и венецискиот амбасадори во Цариград. Вторите биле поуспешни и го убедиле Големиот везир да го расчини Кирил на 12 април 1623 година и на негово место да го назначи слепиот и стар Григориј IV. Митрополитите и епископите не биле задоволни со изборот на Григориј IV, кој бил неканонски избран од Светиот синод. Па така на 18 јуни 1623 година Светиот синод го расчинил Григориј IV и официјално го избрале Антим II за патријарх.

Антим II, иако бил политички поддржуван од католичките власти, останал силен и добар православен христијанин. Тој испратил митрополити на Родос, каде Кирил бил привремено протеран, за да го убедат да се повлече на Света Гора, но без успех. Напротив, Кирил, благодарение на поддршката на калвинистичкиот холандски амбасадор се вратил во Цариград и донел лажен документ за кредит од 20.000 грошана име на патријаршијата. Антим не можел да обезбеди толкава сума на пари и бил приморан д се повлече на 22 септември 1623 година.Последователно Кирил повторно начелствувал по третпат.

По повлекувањето, Антим се вратил на Света Гора каде починал во 1628 година.

                                     
  • Константин II Цариградски - Вселенски патријарх од 754 до 766 година. Тој бил сменет и затворен по откривањето на заговорот на Константин Крабостапалиот
  • Никола II Цариградски - Вселенски патријарх од 984 до 996 година. Во 980 година, за време на владеењето на императорот Василиј II кога Никола бил патриајрх
  • Антониј II Цариградски 12 февруари 901 - Вселенски патријарх од 893 до 12 февруари 901 година. Монах на возраст на 12 години, Антониј I станал свештеник
  • Софрониј II Цариградски - Вселенски патријарх по потекло од Алеп, Сирија, началствувал во периодот од 1775 до 1780 година. Бил епископ во Ерусалим и во
  • Атанасиј II Цариградски - последниот Вселенски патријарх пред падот на Цариград. Начествувал од 1450 до 1453 година.
  • Јосиф II Цариградски 1360 1439 - Вселенски патријарх од 1416 до 1439 година. Роден како син на Иван Шишман и неговата сопруга Сара во 1360 година, малку
  • Tома II Цариградски - Вселенски патријарх од 667 до 669. Thomas II Ecumenical Patriarchate of Constantinople. Посетено на 4 February 2012.
  • II Цариградски - Вселенски патријарх од 1187 до 1189 година. Го наследил патријархот Василиј II во длабока старост по барање на императорот Исак II
  • II Цариградски - Вселенски патријарх од 641 до 653 година. Тој бил избран за патријарх по доваѓањето на власт на византинскиот император Констанс II по

Users also searched:

...