Топ-100
Back

ⓘ Ѓеравица - втор највисок врв на планинскиот венец Проклетие кој припаѓа на синџирот Динариди, после Езерски Врв. Тој е највисок врв во Косово со 2.656 метри над ..




Ѓеравица
                                     

ⓘ Ѓеравица

Ѓеравица - втор највисок врв на планинскиот венец Проклетие кој припаѓа на синџирот Динариди, после Езерски Врв. Тој е највисок врв во Косово со 2.656 метри надморска висина. Ѓеравица се наоѓа во западниот дел на Косово, во општината Дечани. До 20 век, Ѓеравица се нарекување Калуѓерица.

                                     

1. Национална важност

Ѓеравица е највисок врв во Косово. Од 1992-2006 година беше највисок врв во Федерална Република Југославија, а потоа и во Србија и Црна Гора. До пред прогласувањето на независноста на Косово, Ѓеравица беше неспорно највисок врв во Србија.

                                     

2. Особини

Ѓеравица е малку поразличен од останатите врвови на Проклетие, поради не толку карпестиот релјеф. Многу мали и големи леднички езера можат да се најдат близу врвот. Најголемо од нив е Ѓеравичко Езеро што е сместено веднаш под самиот врв и е извор на реката Ереник.

Ѓеравица и Проклетие се најпознати по костените, бидејќи тука растат во преголем број. Исто така, има и диви јагоди кои растат на овие предели во лето.