Топ-100
Back

ⓘ Бад Закса - мал град во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа во јужниот дел на планинскиот масив Харц, околу 15 километр ..




Бад Закса
                                     

ⓘ Бад Закса

Бад Закса - мал град во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа во јужниот дел на планинскиот масив Харц, околу 15 километри јужно од Браунлаге и 25 километри југоисточно од Остероде.

Бад Закса била една од неколкуте општини во Западна Германија, кои увезувале електрична енергија од поранешната Источна Германија. Ова било правено преку трафостаницата Нојхоф.

                                     

1. Географија

Низ градот тече реката Уфе; во близина на градот се наоѓа и вештачкото езеро Шмелц. Највисока точка во непосредна близина на градот е Равенсберг со 659 метри надморска височина на околу 5.5 километри северозападно од центарот на градот.

Градски единици

Градот Бад Закса е составен од четири единици.

* со местото Никсај ** со местото Тетенборн-Колони

                                     

2. Историја

Најстариот постоечки документ во кој е спомната Сакса потекнува од 1229 година. Населбата официјално добила градски права во 1525 година. Туризмот започнал околу 1860 година. Откако градот бил признат како здравствено одморалиште од страна на покраината во 1905 година, името било променето во "Бад Сакса", каде што "бад" означува бања.

Бад Закса е градот каде бил испратен Бертолд Шенк Граф фон Штауфенберг, заедно со четворицата браќа и сестри, од нацистите во 1944 година, по неуспешнава Јулска завера. Нивниот татко бил погубен, а нивната бремена мајка била протерана во концентрациски логот со двете постари деца. Децата Штауфенберг живееле во Бад Закса во текот на 1944-45 година. Другите семејства на погубените офицери биле исто така затворени тука. Сите биле сместени без нивните родители и со сменети имиња.

                                     

3. Знаменитости

  • Замок Заксенбург - руините на замокот можат да се посетат во југозападниот дел на градот. Замокот бил изграден во XI век и срушен во 1074 година. Најимпресивен дел е кулата со пречник со повеќе од десет метри. Биле изведувани истражувања во периодот 1891-93 година. До замокот води пешачка патека од градот.
  • Црква "Св. Никола" - протестантската црква била изградена на мал рид во центарот на градот со сликовит поглед на главната улица и плоштадот. Романската саат-кула на црквата била изградена во средината на XII век. Наосот бил додаден околу 1300 година. Олтарот потекнува од 1595 година и бил финансиран од Хансен Хартман, тогашен градоначалник на Бад Закса. Во 1691 година било додаден крило на црквата.
  • Градско собрание - изграден во југендстил, кој бил многу популарен на почетокот на XX век. Има неколку ориели, веранда и павилјон. Конференциската сала го претставува стилот на својот вообичаен начин. Градското собрание е опкружено од куќи во фахверк и мал парк.
  • Ремерштајнски карпи - во близина на местото Штајна се наоѓаат Ремерштајнските карпи, кои биле создадени пред околу 250 милиони години. Во близина се наоѓаат остатоци на населба, кои се проценува дека се стари 10.000 години.
  • Музеј Гренцланд - основан во Тетенборн во 1992 година и посветен на внатрегерманската граница, која се наоѓала во близина на Бад Закса.


                                     
  • општината. Валкенрид е призната воздушна бања. Елрих 3 км Вида 5 км Бад Закса 6 км Бад Лаутерберг 16 км Нордхаузен 18 км Селото првпат е споменато во 1085
  • Словенија Прво споменување на градот Жлковце. Прво споменување на градот Бад Закса Висмар добива градски права. Еслинген на Некар добива градски права.
  • Словенија Прво споменување на градот Жлковце. Прво споменување на градот Бад Закса Висмар добива градски права. Еслинген на Некар добива градски права.
  • области Општински заедници Бад Закса Бад Лаутерберг Гетинген Дудерштат Остероде Хан. Минден Херцберг на Харц Аделебзен Бад Грунд Бовенден Валкенрид Глајхен

Users also searched:

...