Топ-100
Back

ⓘ Сообраќај во Албанија. Република Албанија по својата положба е балканска и средоземна земја. Меѓутоа заради бројни природни препреки и долгата изолација во меѓу ..




Сообраќај во Албанија
                                     

ⓘ Сообраќај во Албанија

Република Албанија по својата положба е балканска и средоземна земја. Меѓутоа заради бројни природни препреки и долгата изолација во меѓународните односи, земјата била долго сообраќајно одвоена од соседните земји. Главниот град на земјата, Тирана, е средишен сообраќаен јазол на земјата.

                                     

1. Железнички сообраќај

Вкупната должина на железничката мрежа во Албанија е само 447 km 2006 година и целата е со стандардна ширина на колосекот. Во земјата постојат три железнички линии: Тирана – Драч, Валона – Рогозина – Драч – Скадар – граница со Црна Гора и Рогозина – Елбасан – Подградец.

Не постои градска железница.

Железничка врска со соседните земји:

  • Црна Гора – да, само за товарен сообраќај
  • Македонија – не
  • Грција – не
  • Косово – не
                                     

2. Патен сообраќај

Вкупната патна мрежа во Албанија е 18.000 km 2002 година, од тоа 7.020 km со тврда подлога бетон, асфалт.

По падот на комунизмот во 1991 година, Албанија почна да ја надградува својата примитивна патна инфраструктура со првиот магистрален пат Тирана - Драч. По 2000 година, патната инфраструктура е драсично подобрена и покрај недостатокот на фондови.

Денес Албанија има три автопати.

                                     

3. Воден сообраќај

Развиен е морскиот и езерскиот сообраќај. Главни морски пристаништа се Драч, Валона и Саранда. Најпознато езерско пристаниште е Подградец на Охридското Езеро.

                                     

4. Воздушен сообраќај

Во Албанија официјално постојат 12 аеродроми 2002 година, од кои 4 со цврста подлога. Од нив само еден е со меѓународен карактер, меѓународниот аеродром "Мајка Тереза" во Тирана.