Топ-100
Back

ⓘ Боро Митриќески. Средно уметничко училиште завршува во Скопје во 194849 година. Првите сознанија за вајарството ги добива од професорот Димо Тодоровски. Се запи ..




Боро Митриќески
                                     

ⓘ Боро Митриќески

Средно уметничко училиште завршува во Скопје во 1948/49 година. Првите сознанија за вајарството ги добива од професорот Димо Тодоровски. Се запишува на Академијата за ликовни уметности во Загреб. Своето образование го продолжува кај професорите Грга Антунац и Андрија Крстуловиќ. Во 1954 година дипломира во класата на професорот Вања Радауш. Се враќа во Скопје кадешто непрекинато работи и твори. Работи како ликовен педагог, а потоа како слободен уметник. Од 1979 до 1984 година е директор на Уметничката галерија "Даут-пашин амам" во Скопје, на којашто функција и се пензионирал. Студиски патувања остварил во Франција, Италија, Англија, Грција, Русија, Шпанија, Австрија, САД и Канада.

                                     

1. Творештво

Акад. Боро Митриќески има организирано голем број на самостојни изложби, главно во Македонија и во бившите југословенски републики, на групните изложби ја презентирал македонската скулптура во повеќе ликовни центри кај нас и во светот, и тоа Александрија, Белград, Виена и др. Член е на групата Мугри. Во изминатите 60 години акад. Боро Митриќески има реализирано над 350 дела како фигури, актови, композиции, торза, потоа портрети и скулптури ситна пластика дрво, мермер и бронза. Особено треба да се нагласат изведените 10 споменика и спомен обележја, од кои ќе ги споменеме: "Железара", скулптура од метал, Скопје; Споменик "Карпош", мермер, Кратово; Споменик на НОБ, Делчево; Фонтана "Дојран", Дојран; Споменик "Кирил и Методиј", бронза, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје и др. Акад. Митриќески активно се бави и со таканаречената интимна пластика или скулптура од галериски формат. При своето ликовно искажување користи трајни материјали, како што се бронза, мсрмер и дрво. Акад. Митриќески своето творештво го насочил во две насоки: едната е големата пластика, а втората интимата, односно пластиката на ентериерот, т.н. скулптура од галериски формат. Во портретите "Мојата мајка", "Блаже Конески", "Лазар Личеноски", "Петар Мазев" и др. многу успешно го доловува карактерот и психолошкиот израз на личноста, додека приодот во третманот на пластиката во фигурата е постилизиран и упростен, со нагласен лиризам и мекотија, што упорно ја следат структурата на матсријалот. Акад. Митриќески се инспирира и со поблиската и подалечната национална историја, и тоа скулптурите и релјефите-портрети на Св. Климент и Св. Кирил и Методиј, потоа портретите на преродбениците, особено портретот и фигурата на Марко Цепенков. Како мотив и трајна инспирација кај авторот се присутни Илинден и НОБ. Боро Митриќески зазема истакнато место во македонската ликовна уметност како припадник на т.н. средна генерација на македонските сликари и вајари, генерација што внесе радикални промени во нашето пластично творештво, доближувајќи го него до најзначајните актуелни токови на современото европско и американско вајарство, тој оствари портрети, камерни лирски форми, релјефи, монументални скулптури и композиции што претставуваат трајна вредност на македонската скулптура во изминатите шест децении.

                                     

2. Награди и признанија

Боро Митриќески е добитник на новеќе награди и признанија, и тоа: Републичката награда "11 Октомври", наградата "Нерешки мајстори" на ДЛУМ и др. За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 26 јули 1997 година. Починал во Скопје на 24 ноември 2018 година.

                                     
  • се бојосуваат. Најпознати македонски вајари се: Томе Серафимовски, Боро Митриќески Бранко Конески, Васил Василев, Жарко Башески, Митко Тошев и други
  • националниот деец Димитрија Чуповски, писателот Петре М. Андреевски, вајарот Боро Митриќески сликарите Владимир Георгиевски и Новица Трајковски и други македонски
  • карикатурист Никола Мартиноски - сликар Андреј Митевски - вајар Боро Митриќески - вајар Вангел Наумоски - сликар Стефан Хаџи - Николов - сликар Благоја
  • етно група Леб и сол Горан Стефановски - македонски драмски писател Боро Митриќески - ака де мик, при пад ник на вто ра та ге не ра ци ја ма ке дон ски
  • Скопје. март 1978. Н., З.. Ликовна хроника: Изложба на Спасе Куновски и Боро Митриќески во галерија Форум во Загреб. Око, бр. 82. 1 - 15 мај 1975.

Users also searched:

...