Топ-100
Back

ⓘ Исак Таџер - македонски лекар и врвен стручњак по интерна медицина и патологија, еден од основоположниците на Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет во Скопје, ..




Исак Таџер
                                     

ⓘ Исак Таџер

Исак Таџер - македонски лекар и врвен стручњак по интерна медицина и патологија, еден од основоположниците на Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет во Скопје, член на МАНУ.

                                     

1. Живот и образование

Матурирал во 1935 година на Германскиот колеџ во Софија. Од 1935 до 1939 година студирал на Медицинскиот факултет во Виена, Австрија, а студиите ги завршил во 1941 година на Медицинскиот факултет во Софија. Во 1942 година стажирал, а потоа е интерниран во логор. Во 1944 и 1945 година бил доброволец во НОВ и ПОЈ. По ослободувањето, од 1946 до 1948 година работи и специјализирал на Интерното одделение на тогашната Земска болница во Скопје и се стекнува со звање специјалист по интерна медицина.

                                     

2. Работен век

Од 1949 до 1951 година работи како асистент на Интерната клиника и го формира Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина на Медицинскиот факултет во Скопје. Во 1952 година е избран за доцент, во 1959 година за вонреден, а во 1967 година за редовен професор по патофизиологија на Медицинскиот факултет во Скопје. Во 1953 година хабилитирал, а во 1958 година станал доктор по медицински науки. Во периодот 1964-1965 година бил декан на Медицинскиот факултет во Скопје.

За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на првото изборно собрание во 1969, за редовен член во 1974 година. Од 1984 до 1987 година е секретар на Одделението за биолошки и медицински науки на Академијата.

                                     

3. Научна дејност

Академик Таџер објавил повеќе од 290 трудови, од кои 80 на англиски, 10 на германски, 87 на српско-хрватски, а другите на македонски јазик. Учествувал и на 50 меѓународни, југословенски и национални научни собири. Професор Таџер е автор и на првиот учебник по Патофизиологија напишан на македонски јазик, соавтор на првиот југословенски учебник по Општа и патолошка физиологија, под негово уредништво и авторство е напишан и првиот учебник по Специјална патолошка физиологија, а во соработка со други автори го објавува и првиот учебник по Специјална патофизиологија на македонски јазик. Автор е и на поглавјето "Нуклеарната медицина во хематологијата" во учебникот "Хематологија". Во 2001 година, по повод 85 години од животот и 60 години научна дејност, Македонската академија на науките и уметностите ја објави книгата Избрани трудови на академик Исак Таџер во 3 тома. Првите трудови на акад. Таџер се од областа на патологијата, а подоцнежните опфаќаат повеќе области од клиничката и експерименталната медицина. Особено внимание има посветено на изучувањето во областа на хемостазата, врз основа на клиничен и експериментален материјал на ендокриниот систем и на примената на нуклеарната енергија во клиничките и експерименталните истражувања. Во последните 15 години акад. Таџер со своите соработници ја изучуваше јодопенијата во Република Македонија.

Академик Исак Таџер беше и еден од основачите на Фармацевтскиот и на Стоматолошкиот факултет. Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои: Орден на трудот од II степен, наградата на Скопје "13 Ноември", и други.

Починал на 17 ноември 2005.



                                     
  • Салис Таџер е македонски и израелски кардиохирург. Тој е син на проф. д - р Исак Таџер кој е еден од основоположниците на Медицинскиот факултет во Скопје
  • изданието Пропедевтичка и клиничка гастроентерохепатологија, за која акад. Исак Таџер меѓу другото, вели мојата оценка е највисоко можна, посебно поради тоа