Топ-100
Back

ⓘ Јанко Цаца е роден во 1881 година во Битола, каде завршил и Гимназија. Дипломирал на Правниот факултет во Атина околу 1903 година. Со адвокатура почнал да се за ..




Јанко Цаца
                                     

ⓘ Јанко Цаца

Јанко Цаца е роден во 1881 година во Битола, каде завршил и Гимназија. Дипломирал на Правниот факултет во Атина околу 1903 година.

Со адвокатура почнал да се занимава уште од 1911 година, отворајќи своја канцеларија во Битола. Како адвокат, Цаца одржувал контакти и застапувал многу клиенти од Солун, Софија и Атина, користејќи го одличното познавање на грчкиот јазик. Во Битола работел до 1939 година кога се преселил во Прилеп каде ја наследил адвокатската канцеларија на неговиот роднина адвокатот Атанас Таче Тасиќ. Во периодот од 1941 до 1944 година, Цаца работел како адвокат во Прилеп и таквата позиција ја искористил да се ангажира во револуционерните организации во Прилеп и Крушево, како еден од организаторите на културните активности и подготвувањето на дописи за анимирање на населението во борбата за ослободување.

Во 1945 година, Јанко Цаца е еден од првите повоени македонски адвокати кој се запишал во Именикот на адвокатите на Адвокатската комора на Македонија со седиште на адвокатската канцеларија во Прилеп, каде работел до 1950 година.

Починал во Скопје во 1968 година.

                                     
  • Ќерка е на поранешниот уставен судија Ѓорѓи Цаца а внука на истакнатиот адвокат Јанко Цаца Маргарита Цаца Николовска е автор на следните научни трудови:
  • внатрешни работи Димче Козаров, републички секретар за правосудство Горѓи Цаца републички секретар за законодавство и организација Љупчо Копровски, републички
  • народна одбрана Мирко Буневски, републички секретар за внатрешни работи Горѓи Цаца републички секретар за правосудство Владимир Митков, републички секретар

Users also searched:

...