Топ-100
Back

ⓘ Книга од песок - збирка раскази на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес. Збирката е објавена во 1975 година, а расказите се напишани во периодот од 1970 до 1 ..




                                     

ⓘ Книга од песок

Книга од песок - збирка раскази на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес. Збирката е објавена во 1975 година, а расказите се напишани во периодот од 1970 до 1975 година.

                                     

1. Содржина

Книгата се состои од 13 раскази и епилог, напишан на 3 февруари 1975 година, во Буенос Аирес:

  • УНДР
  • Другиот
  • Конгресот
  • Ноќта на дарбите
  • Авелино Аредондо
  • Утопијата на еден уморен човек
  • Огледалото и маската
  • Дискот
  • There are more things
  • Мито
  • Сектата на триесеттемина
  • Улрика
  • Книгата од песок

Во епилогот, авторот дава кратко објаснување на расказите: првиот расказ ја обработува познатата тема на двојната личност; љубовната тема во "Улрика" е реткост во неговите прозни текстови; "Конгрес" е најамбициозниот расказ во збирката, со автобиографски елементи и со почеток во стилот на Кафка; "Ноќта на дарбите" е најопуштениот расказ, со најмногу наслство и егзалтација; "Ундр" и "Огледалото и маската" ја замислуваат можноста за литература што се состои од само еден збор; "Утопијата на еден уморен човек" е најчесното дело во збирката; "Мито" ја изразува етичката опсесија на северноамериканците; "Дискот" може да се опише како Евклидов круг, а "Книгата од песок" ја опишува книгата со безброј страници.

                                     

2. За збирката

Во збирката, Борхес ги продолжува своите творечки искуства, слободно користејќи ги културолошките, историските, литературните и филозофските контексти, а фабуларните настани ги обојува со авторска интелектуална рефлексија. Расказите во збирката ги допираат темите на алтер егото, љубовта, судбината, претпоставениот ерес, вечните дела, светот како книга, книгата како лавиринт итн. Во нив, едноставниот и колоквијален стил е комбиниран со фантастичниот заплет.

                                     

3. Изданија на македонски јазик

Во 2015 година, збирката била објавен на македонски јазик, во издание на "Бегемот", во рамки на едицијата "Ars magna", а во тираж од 500 примероци. Преводот од шпански јазик го направил Ненад Велковски; ликовното уредување на книгата е дело на Бојан Димитриевиќ; а јазичната редакција ја направил Филип Димевски. Книгата била преведена со финансиска помош на програмата "Сур" при Министерството за надворешни работи и култура на Република Аргентина, а била испечатена во "Печатницата Наумовски" од Скопје. Книгата, со димензии од 18 сантиметри и со обем од 118 страници, е каталогизирана во НУБ "Св. Климент Охридски" од Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4718-30-7.

                                     
  • во дела од уметноста и популарната култура, како: Песокот и свети Петар Пијесак и свети Петар - српска народна приказна. Книга од песок - збирка
  • година, расказот насловен како Книгата од песок бил објавен како дел од збирката раскази Книга од песок издание на Бегемот а во превод на Ненад
  • се печати. Книга на мудроста - суфиска приказна. Книга - песна на македонската поетеса Николина Андова од 2013 година. Книга од песок - збирка раскази
  • прозорец, Скопје: Култура, Наша книга Мисла, Македонска книга Детска радост, 1990, стр. 79. Хорхе Луис Борхес, Книга од песок Скопје: Бегемот, 2015. Italo
  • земја носени или наталожени од ледник. Материјалот може да биде различен по големина, од блоковите или камењата до песок или глина, кој е раслоен како
  • во движење Сеифи, односно долги песочни гребени на места сиромашни со песок а со силни ветрови. Можат да бидат високи и до 215 м. Попречни дини, односно
  • некоја водена површина, како: река, езеро или море. Плажата се состои од песок ситни камења, карпи, корални гребени и други природни елементи, но може
  • Злодоба од Димитар Башевски Бисерни капки од Нијагара од Рада Видиновска Молњи во окото од Рада Видиновска Круна од песок од Борис Вишински Кајмакчалан од Ташко
  • Отеману на Бора - Бора Сателитски поглед на архипелагот Гамбје Плажа со црн песок на Тахити Моту Тиахура, Моореја Лагуната Факарава Хива Оа Владата Папете
  • Гомбрович, Фердидурке 2015 Алис Манро, Бегалка 2015 Хорхе Луис Борхес, Книга од песок 2015 Амадо Нерво, Балкони 2015 Марио де Са - Карнеиро, Исповедта на
  • има население од 720.358 жители распоредени во пет окрузи: Во пределите преовладува шумовита висорамнина, каде почвата е помешана со песок и камења и затоа
  • претставува инспирација од неговиот личен живот, т.е. од искуството кое самиот го имал, а го опишува во детаљи во својата книга Ветер, песок и ѕвезди. На 30 декември

Users also searched:

...