Топ-100
Back

ⓘ Корнати или Корнатски Архипелаг – островје кое се наоѓа во средна Далмација, западно од Шибеник и јужно од Задар, во рамките на Шибенско-книнската Жупанија. Арх ..




Корнати
                                     

ⓘ Корнати

Корнати или Корнатски Архипелаг – островје кое се наоѓа во средна Далмација, западно од Шибеник и јужно од Задар, во рамките на Шибенско-книнската Жупанија. Архипелагот се состои од околу 150 островчиња и зафаќа површина од 320 км 2.

Во 1980 година Корнати е прогласен за национален парк. Вкупната површина на паркот е 220 км 2, а се состои од 89 острови, островчиња и карпи. Од вкупната површина на паркот, само околу 1/4 е копно, додека преостанатиот дел е морски екосистем.

Корнат, со површина од 32.44 км 2 е најголем остров во овој архипелаг и зазема две третини од националниот парк. Островот е долг 25.2 км, а широк е до 2.5 км.

Островјето нема постојани населби.

Во август 2007 година избил пожар кој однел 12 животи на пожарникари.