Топ-100
Back

ⓘ Руска авангарда – голем, влијателен бран на авангардната модерна уметност која процутела во Руската Империја и Советскиот Сојуз во периодот од 1890 до 1930 годи ..




Руска авангарда
                                     

ⓘ Руска авангарда

Руска авангарда – голем, влијателен бран на авангардната модерна уметност која процутела во Руската Империја и Советскиот Сојуз во периодот од 1890 до 1930 година. Некои историчари како нејзин почеток ја бележат 1850 година, за крај ја наведуваат 1960 година. Терминот опфаќа многу поединечни, но неразделно поврзани уметнички движења кои цутеле во тоа време – супрематизам, конструктивизам, руски футуризам, кубофутуризам, заум и неопримитивизам. Со оглед на тоа што многу авангардни уметници биле родени или израснати во она што денес е Белорусија и Украина, некои извори зборуваат и за украинска авангарда.

Руската авангарда го достигна својот креативен врв и максимална популарност во раздобјето на Руската револуција, од 1917 до 1932 година, кога идеите на авангардата се судрија со новонастанатата државноспонзорирана насока на социјалистичкиот реализам.

                                     

1. Период пред Октомвриската револуција

Авангардна група на сликари се собирала во списанието "Мир искуство" и се заземала за оживување на руската народна уметност. Најзначајните резултати ги постигнала во сценографијата и костимографијата.

На почетокот на XX век во руската архитектура пристигаат западноевропските влијанија, прво сецесијата, а потоа функционализмот. Главни двигатели на руската апстрактна уметност биле Василиј Кандински, кој воедно бил и авторот на првата апстрактна слика 1910, М.Ф. Ларионов и Н.С. Гончарова основачи на рајонизмот, а Казимир Малевич бил најрадикален зачетник на супрематизмот.

Зачетник на конструктивизмот, најраниот облик на апстрактната скулптура, бил Владимир Татлин. Идеите на конструктивизмот во Европа ги пронеле вајарите: Александар Архипенко, Антоан Певзнер и Наум Габо.

                                     

2. Советски стил

После Октомвриската револуција се јавил краткотраен, но славен обид за модернизација на руската уметност во кој авангардата станала службен стил. Но, набрзо авангардните уметници биле шиканирани и дури затворани, а од 1934 година единствен признат ликовен израз бил социјалистичкиот реализам. Во Русија биле родени, но ја напуштиле во текот или после Октомвриската револуција Алексеј Јавленски, Марк Шагал, Ел Листиски, М. Ф. Ларионов и неговата сопруга Н. С. Гончарова и С. Пољаков.

Во сликарството се величаат култовите на Сталин, младоста и работниците. Идеолошки монументални споменици и портрети изведувала В. И. Мухина, а во архитектурата превладал стилот во кој се величала моќта на државата Ленинов мавзолеј на Црвениот плоштад во Москва.

                                     

3. Современа руска уметност

Советскиот стил трае сè до распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година кога се јавува т.н. "постсоцијалистички стил". Младата генерација архитекти проектира во сите постмодерни стилови на архитектурата. Периодот после 1990 година е обележан со појавата на многубројни уметнички групи кои се движат од геометриска апстракција преку хепенинг, лендарт, концептуална уметност, до хиперреализам вдахновен од социјалистичкиот реализам т.н. уметност на перестројката.

                                     

4. Надворешни врски

  • Руска култура
  • Masters of Russian Avant-garde from the collection of the M.T. Abraham Foundation
  • Yiddish Book Collection of the Russian Avant-Garde at the Beinecke Rare Book and Manuscript Library at Yale University
  • Why did Soviet Photographic Avant-garde decline?
  • Thessaloniki State Museum of Contemporary Art - Costakis Collection
  • The Russian Avant-garde Foundation
  • Masters of Russian Avant-garde
  • International campaign to save the Shukhov Tower in Moscow
  • Руско културно друштво Орландо
  • Руски слики
                                     
  • Руска алтернативна проза е збирка раскази од руски автори, објавена во 1994 година од издавачката куќа Темплум Преводот од руски јазик го направил
  • Збирката на Костаки е уметничка колекција на дела од уметници на руската авангарда собрани од страна на колекционерот, Џорџ Костаки. Собирањето на делата
  • 60 N 90 E 60 N 90 E 60 90 Русија руски: Россия службено: Руска Федерација Российская Федерация - земја која се простира на огромни пространства
  • заслужните во Скалка, Краков. Милош е најпознатиот претставник на виленската авангарда и од самиот почеток бил миленик на полската критика и на публиката. Особено

Users also searched:

...
...
...