Топ-100
Back

ⓘ Религија во Руанда. Религијата во Руанда има значајна улога во животот на земјата. Најголема религија во земјата според последниот попис од 2002 година, но и сп ..




Религија во Руанда
                                     

ⓘ Религија во Руанда

Религијата во Руанда има значајна улога во животот на земјата. Најголема религија во земјата според последниот попис од 2002 година, но и според податоците објавени од страна на американската влада, е христијанството со околу 94%, додека втора по големина е исламот со 4.6%, 1.8% немале религија или се придржувале кон други верувања. Според други податоци, најголема христијанска заедница претставуваат Римокатолиците со 56.9%, протестантите зазимаат 26%, Адвентистите - 11.1%. Муслиманите главно се сунити, а 0.1% практикуваат традиционални домородни верувања

Податоците за протестантите верници вклучуваат зголемен број членови на Јеховини сведоци 36.000 во 2013 година и евангелистичките протестантски групи. Исто така постои и мала популација на бахајски верници.

                                     

1. Христијанство

Христијанството во Руанда е најголема религија според последниот попис од 2002 година. Во 2000 година во земјата работеле 7.600 цркви кои припаѓале на 35 различни христијански деноминации.

Првите христијански мисионери во Руанда биле припадници на католичката заедница "Бели Отци", кои пристигнале во регионот во 1889 година. Со основањето на белгиската администрација, католичките мисионери станале советници на белгиските власти. Во 1943 година, кралот Мутара III го прифатил крштевањето, а неговиот пример бил проследен од страна на речиси цела аристократија на царството. Бројот на католици во тој период започнал рапидно да се зголемува. Во 1950 година нивниот број изнесувал 25% од населението на Руанда, во 1961 година - 34%; 1988 година - 50%. За време на пописот од 1991 година, како католици во земјата се изјасниле 62.6% од жителите на Руанда. Сепак, по геноцидот од 1994 година, бројот на католици во земјата започнал да се намалува. Според пописот во 2002 година, во земјата живеат 49.5% католици.

Протестантските мисионери во земјата биле Лутераните кои пристигнале во 1907 година. Во 1920 година на нив им се придружиле Адвентистите, Презвитеријаните и англиканците. Од 1938 година во земјата започнале мисии на Баптистите, а од 1940 година и на Пентекостите. Во моментов, најголема протестантска деноминација зазимаат англиканците, Адвентистите и Пентекостите со повеќе од еден милион следбеници посебно.

Во 1958 година во Руанда имало и заедница на Православни христијани од грчко и руско потекло. Започнувајќи од 1990 година, на населението започнало да му служи и Александриската патријаршија. Во 2009 година била основана Епархијата на Бурунди и Руанда.

                                     

2. Ислам

Исламот во земјата е присутен од почетокот на XX век. Во 1913 година била изградена првата џамија во земјата. Во 1964 година, владата на Руанда го признала Здружението на муслиманите во Руанда. По геноцидот во 1994 година, според дневните весници, голем број на христијани во земјата го прифатиле исламот. Во 2001 година, Шеик Салих тврдел дека муслиманите сочинуваат 18% од населението на Руанда, The New York Times навел 15%; The Washington Post 14%. Сепак, овие бројки не се потврдени во следните студии. Во општиот попис на населението во 2002 година, како муслимани се изјасниле само 1.8% од населението Според Светската христијанска база на податоци, во 2010 година муслиманите биле 4.8% од населението на Руанда.

                                     

3. Геноцид

Околу 800.000 жители на Руанда загинале за време на етничкото насилство за краток временски период од 100 дена помеѓу април и јуни 1994 година. Поголемиот дел од оние кои загинале биле Тутси, а поголемиот дел од оние го извршиле насилството биле Хутуси.

Геноцидот започнал по смртта на претседателот на Руанда, Жувенал Хабијаримана на 6 април 1994 година кога неговиот авион паднал. Се појавиле информации дека нарачателите се Тутси, по кое Хутусите ја зазеле власта, премиерката на земјата била убиена следниот ден. Во организирањето на кампањата за масовни убиства биле инволвирани и обични граѓани. Многу Тутси биле убиени од своите соседи. Според Тимоти Лонгман, католичките и протестантските цркви помогнале да се спроведе геноцидот. Црковните лица копнееле да ја играат самата етничка политика, фаворизирајќи ги најпрвин Тутсите за време на колонијалниот период, а потоа и Хутусите по 1959 година, испраќајќи порака дека етничката дискриминација е во согласност со црковното учење. Црковните водачи имале блиски врски со политичките водачи, а по започнувањето на геноцидот, црковните водачи го повикале населението да ја поддржат новата привремена влада односно самата влада која го поддржува геноцидот.

Во периодот пред геноцидот, 1990-1994, во повеќето цркви се појавиле големи поделби меѓу умерените луѓе кои промовирале демократски промени и конзервативците поврзани со режимот на претседателот. Голем дел од свештенството биле Тутси, и генерално ги поддржувале демократските реформи, додека умерените Хутуси во рамките на црквите ги поддржале и реформите. Кога геноцидот започнал во 1994 година, некои свештеници и други црковни водачи се спротивставиле на насилството, дури и со ризик по сопствените животи. На 20 ноември 2016 година, Католичката црква во Руанда објавила изјава потпишана од девет епископи во која се извинува за улогата на нејзините членови во геноцидот од 1994 година.



                                     

4. Надворешни врски

  • "Rwandas resurrection of faith" by Mary Wiltenburg, The Christian Science Monitor, April 12, 2004
  • "Rwanda: How the genocide happened", BBC News, December 18, 2008
  • "For Rwandans, the popes apology must be unbearable", The Guardian, March 28, 2010
                                     
  • Руанда руанда Rwanda или официјално Република Руанда Repubulika y u Rwanda - независна држава без излез на море во областа на Големите езера, регион
  • Според податоци од 2006 година, населението на Руанда изнесува 8 648 248 луѓе. 2006 0 - 14 години: 41, 9 мажи 1 558 730 жени 1 548 175 15 - 64 години:
  • во Африка. Таа е една од трите земји на континентот каде католицизмот се почитува од страна на мнозинството на жители, другите две се соседите Руанда
  • земја на источниот брег на Африка. Се граничи со Кенија и Уганда на север, Руанда Бурунди и Конго на запад, Замбија, Малави и Мозамбик на југ, и Индискиот
  • Бурунди Republika y u Burundi - мала држава во Источна Африка без излез на море. Државата се граничи со Руанда на север, Танзанија на исток и југ и со Демократска
  • Кенија Руанда Сомалија Танзанија Уганда Џибути Според шемата на ООН, источна АФрика се состои од 19 територии: Танзанија, Кенија, Уганда, Руанда и Бурунди
  • Централна Африка е средишен регион во Африка во кој влегуваат Бурунди, ДР Конго, Руанда Централноафриканската Република и Чад. Средна Африка како географски
  • север со Судан, на запад со Демократска Република Конго, на југозапад со Руанда и на југ со Танзанија. На југ се наоѓа езерото Викторија. Името на Уганда
  • власта тој бил симнат во 1997 година. Следната 1998 година започнала граѓанска војна. Во војната биле вовлечени и соседите Руанда и Уганда. ДР Конго зафаќа
  • народот. Од власта тој бил симнат во 1997 година. Следната 1998 година започнала граѓанска војна. Во војната биле вовлечени и соседите Руанда и Уганда.
  • воини злосторства за поранешна Југославија. Меѓународен кривичен суд за Руанда Меѓународен кривичен суд. Организацијата за сузбивање на хемиското оружје
  • за враќање на мирот во таа држава, во периодот 1993 - 1994, боцвански тим учествувал во мировните операции на ООН во Руанда но во улога на набљудувач.

Users also searched:

...