Топ-100
Back

ⓘ Религија во Мавританија. Религијата во Мавританија има значајна улога во животот на земјата. Најголема религија во земјата е исламот и скоро сите се приврзаници ..




Религија во Мавританија
                                     

ⓘ Религија во Мавританија

Религијата во Мавританија има значајна улога во животот на земјата. Најголема религија во земјата е исламот и скоро сите се приврзаници на сунитскиот ислам. Мавританија е земја во Африка, која се граничи со Алжир, Мали, Сенегал и Западна Сахара. Официјално, 100% од граѓаните во земјата се муслимани, иако постои мала заедница на христијани, главно од странско потекло. Два најголеми редови на суфизмот се Кадрија и Тиџанија. Поради етничките и племенските поделби во земјата, религијата владата ја гледа како суштинска за националното единство.

Во земјата со странско потекло има околу 4.500 римокатолици. Исто така, постојат неколку приврзаници на јудаизмот кои работат во земјата.

                                     

1. Ислам

Исламот во земјата бил донесен од страна на муслиманските трговци во 8 век. Династијата Алморавиди се кренале на власт во западниот дел на Магреб за време на 11 век и го зацврстиле исламот низ целиот регион. Иако исламот постоел во регионот пред Алморавидите, нивното владеење го забрзало ширењето на исламот ги отстранило анимистичките влијанија врз локалните исламски практики. Во околу 1040 година, еден од нивните поглавари Јаја ибн Ибрахим бил во Мека. На враќање престојувал во една џамија во Тунис. Таму, верските службеници успеале да го убедат дека неговото племе доста слабо го цени и познава исламот како религија. Теолозите од Тунис го советувале дека треба нешто да преземе во тој поглед. Така, заедно решиле дека најдобро решение би било да му го испратат верскиот мисионер Абдула ибн Јасин, кој во тој регион бил застапник на сунитската школа на исламот.

Денеска, околу 99% од населението на земјата е муслиманско.

                                     

2. Христијанство

Христијанството е малцинска религија во земјата. Во државата има околу 4.500 римокатолици, во рамките на една бискупија - Римокатоличка бискупија во Нуакшот. Во државата нема повеќе од 200 Протестанти, меѓу кои и странци. И покрај строгиот државен закон и терор против евангелизацијата, мавританските христијани растат во бројот и се проценува дека има од 400 до 1000 етнички мавритански христијани. Во еден период од осум месеци, Miracle Channel, норвешко-шведски ТВ канал, емитувал христијански собири во мавританската пустина со по над 160 луѓе. Распространувањето на христијанската книжевност и евангелизацијата на муслиманите во државата е забранета. Библиите ретко се печатат и се распространуваат. Државната опресија вклучува и апсење на христијани поради нивните верувања. Има и затворање на цркви. Преобратот од ислам во христијанство е казниво со смрт и другите религии не се признати од државата. Сето ова ја прави државата една од најнеразвиените во светот со еден од најнискиот индекс на демократија, слобода на верско изразување и почитување на основните човекови права.

                                     
  • Мавританија е исламска република во Северозападна Африка. Зафаќа површина од 1, 131, 800 км2. Главен град е Нуакшот. Независна е од 1960 година. Населението
  • Знамето на Мавританија е националното знаме на државата. Ова знаме било усвоено на 1 април 1959 Знамето било направено по препорака на Моктар Улд Дадах
  • Христијанството во Мавританија е малцинска религија Во државата има околу 4.500 Христијани, Католици. Целата територија на Мавританија е една бискупија
  • Коморите.. Напуштањето на исламот и преминување во друга религија е кривично дело, исто како и во Мавританија Судан и Иран, кое може да доведе до смртна
  • имигранти пристигнале во најголем дел од Мали, Бенин, Того, Мавританија и Сенегал. Муслиманите во најголем дел се сунити, додека во земјата живеат и околу
  • Според податоци од 2008 година, населението на Мавританија изнесува 3, 364, 940 луѓе. 2006 0 - 15 години: 45.6 мажи 726 376 жени 723 013 15 - 64 години:
  • Кралството Мароко е држава во Северозападна Африка. Се граничи со Алжир на исток, со Мавританија на југ и со Шпанија на север. На запад излегува на Атлантскиот
  • вклучува Мароко, Западна Сахара, Алжир, Тунис, понекогаш и Либија и поретко Мавританија Арапскиот магрепски сојуз ги содржи сите овие држави освен Западна Сахара
  • територии околу реките Сенегал и Нигер и на териториите на државите Сенегал, Мавританија и Мали. По независноста на Златниот Брег, името Гана било земено како
  • териториите на денешните држави: Мароко, Западна Сахара, Мавританија Гибралтар, Тлемсен во Алжир, голем дел од Сенегал, Мали, Шпанија и Португалија.
  • најсилните во регионот во периодот од 700 - 1075 година. Територијата на империјата ги опфаќала териториите на денешните земји Мавританија голем дел од

Users also searched:

...