Топ-100
Back

ⓘ Вирунга - венец вулкански планини во Источна Африка долж северната граница на Руанда, ДР Конго и Уганда. Венецот е огранок на планините на Албертскиот Срт, кои ..




Вирунга
                                     

ⓘ Вирунга

Вирунга - венец вулкански планини во Источна Африка долж северната граница на Руанда, ДР Конго и Уганда. Венецот е огранок на планините на Албертскиот Срт, кои се граничат со западниот ракав на Источноафриканскиот Расед. Сместени се меѓу езерата Едвардово и Киву. Името е видоизменета англизирана верзија на руандскиот збор ibirunga, што значи "вулкани".

Веригата се состои од осум поголеми вулкани, од кои највеќето се заспани, Исклучок се Њирагонго 3.462 м и Њамурагира 3.063 м, обете во ДР Конго, со нивните избуви во 2006 и 2010 г. Највисок вулкан е Карисимби со 4.507 м, а најстар е Сабјињо, кој се издига на 3.634 м надморска височина.

Планините се дом на планинската горила, која се води како критично загрозена на Црвениот список на МСЗП поради губиток на живеалиштето, криволовство, болести и војување. Меѓу планините Карисимби и Бисоке е сместен Истражувачкиот центар "Карисоке", основан од американскиот зоолог Дајан Фоси за изучување на овие животни.

                                     
  • граничи со некои од највисоките планини во Африка, вклучувајќи ги венците Вирунга Витумба и Рувензори. Тука се сместени т.н. Езера на Раседната Долина
  • вулкан со речиси симетрични падини, кој се наоѓа во Националниот парк Вирунга во Демократска Република Конго. Вулканот се наоѓа во близина на границата
  • Ол Доињо Ленгаи - активен стратовулкан, најмладиот во планинскиот масив Вирунга еден од бројните активни и заспани вулкани, расфрлани по должината на
  • намалена во Демократската Република Конго Популацијата во Националниот парк Вирунга паднала на 800 - 900 единки од 29.000 во средината на 1970 - те. Се смета дека
  • Њирагонго Највисока точка Надм. вис. 3470 м Географија Матичен венец венец Вирунга Геологија Вид Стратовулкан Последен избув од 2002 до 2013

Users also searched:

...