Топ-100
Back

ⓘ Религија во Гвинеја. Религијата во Гвинеја има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Постојат поголем број на религиозни групи, а најголем ..




                                     

ⓘ Религија во Гвинеја

Религијата во Гвинеја има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Постојат поголем број на религиозни групи, а најголеми се исламот и христијанството. Околу 85% од населението се муслимани а 8% се христијани додека 7% припаѓаат на останатите религиозни групи или се нерелигиозни, според податоци на CIA factbook. Според ARDA, 84.8% се муслимани, 3.7% се христијани, и 11.3% се анимисти.

                                     

1. Ислам

Најголемиот дел од муслиманите се сунити кои припаѓаат на Маликиската школа, под влијание на суфизмот, додека има и верници од редот Тиџанија и Кадирија.

Исламот се проширил од неговото родно место во Арапскиот Полуостров во Африка. Сундијата Кеита 1217-1255, основач на Царство Мали кое опфаќало дел на денешна Гвинеја, како и други земји, не бил муслиман, но од 1300 година неговите наследници го прифатиле исламот. Десеттиот владетел на империјата, Муса I 1280-1337, исламот го направил државна религија.

Фута Џалон, планински регион на Гвинеја, станал упориште на исламот од крајот на 17 век. Имаматот Фута Џалон, муслиманска теократска држава, била основана околу 1725 година.

Во времето на колонијалната ера, во 1891 година била основана Француска Гвинеја, но новата власт имала мала улога во влијанието на религијата. По прогласувањето на независност во 1958 година, првиот претседател на земјата, со марксистички погледи, се обидел да го намали влијанието на исламот, но неговата популарност се намалила и во 1970 година тој морал да започне преговори со муслиманските институции за озаконување на неговото владеење. Во 1982 година била изградена Големата џамија во главниот град Конакри, со финансии од саудискиот крал. Оваа џамија е најголемата џамија во Западна Африка, со внатрешен просор кој може да се собере 10.000 верници.

                                     

2. Христијанство

Христијанството е втора најголема религија во земјата. Таа вклучува верници од Римокатолици, англиканци, Баптисти, Евангелисти, Адвентисти и други припаници. Јеховини сведоци се активни во земјата и признати од страна на Владата.

                                     

3. Верско насилство

Во јули 2013 година започнале етничко-религиозни борби во градот Нзерекоре помеѓу етничката група Кпеле кои се христијани или анимисти, и етничката група Конијанке, кое се муслимани. Во конфликтот загинале најмалку 54 луѓе.

                                     
  • Соломонски Острови англиски: Solomon Islands се земја во Меланезија, источно од Папуа Нова Гвинеја и содржи околу илјада острови.Заедно тие покриваат површина
  • Според последниот попис одржан во 2006 година, населението на Екваторска Гвинеја изнесува 1.014.999 луѓе. 2006 0 - 14 години: 41.7 мажи 113 083 жени
  • вклучена во составот на Француска Западна Африка под името Горна Волта, заедно со Мавританија, Сенегал, Француски Судан денеска Мали Француска Гвинеја денеска
  • во Египет е доминантна религија со околу околу 85 од населението. Исламот е признат како државна религија од 1980 година. Во доцниот 10 век, Фатимидите
  • Carolinas со острови архипелаг во регионот Микронезија во Тихиот Океан, кои се наоѓаат северно од Нова Гвинеја Политички, островотите се поделени
  • Габон, Екваторска Гвинеја Камерун, ДР Конго, Република Конго, Сао Томе и Принсипе, Централноафриканската Република и Чад. Сите држави во оваа област на
  • Во времето кога Суданската империја го прифатила исламот како официјална религија познато е дека ширењето на верата започнало да се практикува и во Брегот
  • Сиера Леоне Republic of Sierra Leone - држава во Западна Африка. Сиера Леоне се граничи со Гвинеја на североисток, Либерија на југоисток, а на југозапад
  • Габонска Република République Gabonaise - држава во Централна Африка. Државата се граничи со Екваторска Гвинеја на северозапад, со Камерун на север и со Република
  • независност на Гвинеја - Бисао и Зелениот Рт АПНГЗ По добивањето на независност, партијата се обидела да ги обедини Зелениот Рт и Гвинеја - Бисао. Сепак
  • најраспространета религија е христјанството, 52 од населението се христијани и 32 хиндуси. Парична единица во Фиџи е фиџиски долар. Во Фиџи денес живеат

Users also searched:

...