Топ-100
Back

ⓘ Филигран – техника на изработување накит од тенка златна или сребрена жица слична на тантела и украс, украсен предмет, накит изработен во таква техника ..




Филигран
                                     

ⓘ Филигран

Филигран – техника на изработување накит од тенка златна или сребрена жица слична на тантела и украс, украсен предмет, накит изработен во таква техника

                                     

1. Опис

Филигранската техника е позната од многу одамна 2500 г.п.н.е и во текот на вековите со нејзе се изработувал прекрасен накит како и украсни предмети на кои и денес им се воодушевуваме.

За изработка на предмети со оваа техника се користи сребрена, златна или поретко бакарна жица за компонирање на мотивите. Нишките од жицата се виткаат и преплетуваат, меѓусебно се врзуваат и така се обликува сложен мотив кој може да биде положен на метална подлога или да биде слободен. Мотивите од филигранска жица се различни од геометриски фигури до цветови и животни. На вака изработените предмети понекогаш се ставале ситни метални куглички.

                                     

2. Историја

Иако филигранот стана посебна гранка на јувелирството во модерно време, оваа техника била составен дел на златарите од античко време. Имено, целиот накит на Етрурците и во Стара Грција бил правен со лемење наместо со резба или гравирање на материјалите.

Филигранот е најраспространетата техника во уметничката обработка на сребро и злато. Бидејќи не постоеле мостри и шеми за изработка на мотиви, кај оваа техника најмногу е пројавен поединечниот народен дух. Секој мајстор ги комбинирал шарите "од умот", а добрите мајстори на филигранот биле надалеку прочуени и добро платени за својата работа. Филигранската техника првенствено е застапена во Медитеранот. Познати се примероци накит кои се пронајдени во Троја и кои потекнуваат од 2500 г.п.н.е. како и во Микена од 1500 г.п.н.е. Преубави примероци накит изработени со филигранска техника откриени се во етрурските гробници кои потекнуваат од VI век п.н.е.

Во Стар Рим, филигранската техника се користела на големо. Под влијание на римската уметност во време на "големата преселба на народите", оваа техника на изработка на накит била широко прифатена и кај германските племиња. Својот зенит го достигнува во Византија од VI до XII век.

                                     

3. Начин на изработка и употреба

Може да се каже дека филигранската уметност се состои од виткање, усукување и плетење на тенки метални жици, и нивно спојување лемење една со друга во точките на допир како и со подлогата. За гранулирани мотиви, се сечат мали парчиња од златна или сребрена жица кои потоа се лепат со дувало или лемило во денешно време, при што добиваат сферичен облик и малку се разликуваат меѓусебе.

Брошовите, крстовите, обетките, копчињата и други лични украсни предмети изработени во филигранска техника во денешно време, за да го задржат својот облик се зацврстени со метални плочки или ленти.

                                     
  • декоративно јајце кое било изработено од страна на рускиот златар и филигран Карл Фаберже, по нарачка на руското царско семејство. Јајцето било направено
  • семејства од XIV до XV век. Накитот е изработен во луксузни техники на филигран ниело и емаил. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје. Дупка
  • пак биле изработени од сребро и позлатени, биле украсувани со техника на филигран седеф, боено стакло или со парчиња полускапоцени камења. Двете токи со
  • оружје и монети во средновековните гробови: обетки, прстени украсувани со филигран ѓердани, белезици и друг накит. Од сите овие ископувања, и од самата обзервација
  • Карл Фаберже 30 мај 1846 24 септември 1920 бил руски златар и филигран добро познат по своите прекрасни фаберже - јајца направени во стилот на вистински
  • јајце - украсено јајце кое било изработено од страна на рускиот златар и филигран Карл Фаберже по нарачка на руското царско семејство. Јајцето било порачено
  • кај најдобриот и најпрочуениот кујунџија од тоа време за тој од срма и филигран да направи сребрена маска со која ќе се заштитат останките на Светата
  • топка со крст. Топка со крст како грб на штит Текст за српским регалио, Филигран Покимица српски Слика на царот Јустинијан 527 - 565 кој држи Globus cruciger
  • минерали. Во техниките на изработка, во предност се оние изработени со филигран и гранулација, резба во коска, копито, рог, слонова коска и дрво како и
  • месинг и метални легури. Најзастапени техники се: Лиење Чукање Гравир Филигран Гранулација. Произведуван главно од македонските занаетчии во напознатите

Users also searched:

...
...
...