Топ-100
Back

ⓘ Таџурски Залив - залив кај Африканскиот Рог во Источна Африка, сместен е помеѓу протокот Баб-ел-Мандеб кон Црвеното Море и Аденскиот Залив кон Арапското Море и ..




Таџурски Залив
                                     

ⓘ Таџурски Залив

Таџурски Залив - залив кај Африканскиот Рог во Источна Африка, сместен е помеѓу протокот Баб-ел-Мандеб кон Црвеното Море и Аденскиот Залив кон Арапското Море и Индискиот Океан. Изобилува со риби, пространи корални гребени и голем фонд на бисерни остриги. Брегот во најголема мера се протега во Џибути, а Сомалија има мал излез во јужниот дел на заливот.

Други морски живеалишта во заливот се морските треви, солниците и мангровите.

                                     

1. Историја

Во август 1840 г. е склучен договорот за пријателство и трговија помеѓу султанот Мухамед бин Мухамед и командантот Роберт Морсби од индиската морнарица, со кој островот Муша е продаден на Британија за десет вреќи ориз. Во 1887 г. Британците им го отстапиле островот на Французите, признавајќи го француското влијание во заливот, за возврат Франција се откажала од Зајла и околните острови.

                                     

2. Географија

Заливот зафаќа површина од 347 км 2. Долг е од Сагало до Обок 64 км, а широк околу 26 км. За разлика од соседните водни површини, самиот Таџурски Залив е релативно плиток, со наклонети брегови. Брегот изобилува со песочни дини и наместа со палми. Крајбрежните води на север се порамни и плитки. Водата е секогаш топла, што се должи на климата и плиткоста на заливот; најтопла е во јули, со просек од 32 °C, а најстудена во јануари, со просек од 26 °C.

Во пристапниот дел од заливот се среќаваат островите Муша и Маскали. Долниот дел е одвоен со потесен копнен дел наречен Губет-ел-Хараб и Асалското Езеро 54 км 2. Во далечното минато, заливот го опфаќал и подрачјето на Асалското Езеро, кое денес е околу 155 метри под морското ниво.

Опфат

Заливот се протега во рамките на следниве граници:

на исток - западниот крај на Аденскиот Залив линија од Обок до Лавјакадо. на запад - меридијанот на Губет-ел-Хараб.
                                     

3. Острови

Заливот има поголем број мали острови, од кои најголем е Муша. Островите сепак имаат историска важност во колонијалните активности на Франција и Британија.

                                     

4. Жив свет

Живиот свет во Таџускиот Залив е разновиден и посебен, што се должи на неговата географска положба. Многу животински и растителни видови во заливот се на работ на изумирање или во значителна опасност. Од особено значење се коралите и морските крави.

                                     

5. Население

Крајбрежјето на заливот е многу погусто населено во џибутскиот отколку во сомалискиот дел. Поважни населени места се следниве:

Џибути

  • Џибути: 529.000
  • Таџура: 45.000
  • Обок: 21.000
  • Сагало: 719
  • Лојада: 1.367

Сомалија

  • Лавјакадо: 1.650
                                     

6. Туризам

Таџурскиот Залив е едно од најважните туристички места во Џибути, со 40% од посетителството во земјата. Најпосетени се градовите Обок и Таџура. Со своите корални гребени, заливот ужива популарност меѓу нуркачите, кои покажуваат особен интерес за нуркање со китови-ајкули.

Околу Таџура се протега планинскииот венец Года 1.700 м. Помеѓу градовите сообраќаат и траекти.