Топ-100
Back

ⓘ Превој, превал, превалец, преслап или пресека – е слегнат дел од планина преку кој обично води пат од едната до другата страна на планината. Вообичаено на прево ..




                                               

Хиперболичен синус

Хиперболичен синус – непарна, монотоно растечка функција, чиј домен и кодомен се движат во границите. Дефиницијата на оваа функција е: sinh ⁡ x = e x − e − x 2 {\displaystyle \operatorname {sinh} x={\frac {e^{x}-e^{-x}}{2}}} Во својот единствен превој влегува во нула, под агол π/4. Нема асмиптоти.

Превој
                                     

ⓘ Превој

Превој, превал, превалец, преслап или пресека – е слегнат дел од планина преку кој обично води пат од едната до другата страна на планината. Вообичаено на превојот се наоѓа точката со најголема надморска височина на патот на таа делница.

Низ историјата планините им претставувале препрека на трговците, војниците и останатите патници. Превоите се стратешки војни точки бидејќи лесно може да се контролира сообраќајот преку него.

                                     

1. Превои во Македонија

Најкарактеристични палеоземјишни облици кои се зачувани на територијата на Република Македонија се остатоци од преграбенските или прелимниските, односно преезерски долини. Тоа се доловите, а некаде и речни тераси од старите речни долини, кои постоеле пред распарчувањето на старата балканска маса. Тогашната речна мрежа имала поинакви правци на речни долини. Една таква долина била долината на Ѓаватска Река, која доаѓала од запад и течела кон југоисток, во правец на Егејскиот дел на Македонија. Со радијалните тектонски движења Ѓаватска Река била распарчена, при што се спуштиле Охридската и Преспанската Котлина и Пелагонија, а се издигнале околните планини. Остатоци од оваа река во вид на фосилен-флувијален релјеф - речни тераси и речен нанос од песок и чакал, се наоѓаат на надморска височина на денешните патни правци на превлаците: Буково - 1207 м помеѓу Охридската и Преспанската Котлина и Ѓавато - 1067 м помеѓу Преспанска Котлина и Пелагонија.

Превлаци, односно превои како релјефни траги од старите речни долини има на повеќе места во Република Македонија. Такви се Плетвар 995 м, Присад 1093 м меѓу Пелагонија и Повардарието, потоа Буковиќ 1.185 м, Стража 1.212 м меѓу Полошката и Кичевската Котлина, Пресека 1.082 м меѓу Кичевска Котлина и Дебрца, Калдармибогаз меѓу Полог и Скопска Котлина, Барбарас и Уши помеѓу Порече и Пелагонија и др.

  • Пресека
  • Плетвар
  • Стража
  • Серта
  • Ѓавато
  • Страцин
  • Буково
                                     
  • Национален парк Артуров Превој англиски: Arthur s Pass National Park - национален парк кој наоѓа на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Основан е во 1929 како
  • Слива - планински превој на надморска височина од 1.140 метри, во јужниот дел на Македонија, во близина на градот Прилеп. Ги спојува рамницата на котлината
  • 93944 E 42.93722 26.93944 Битката кај Ришкиот Превој се одвила во 759 година кај Ришкиот Превој на Стара Планина, денешна Бугарија, помеѓу силите
  • Чемерно е превој во источна Херцеговина, на југозападниот рабен дел на котлината Чемерно, помеѓу планината Живањ и Лебршник. Превојот е висок 1.293 метри
  • Плетвар - планински превој на надморска височина од 994 метри, кој ги разделува планините Дрен и Бабуна и ја поврзува Пелагонија и градот Прилеп со Раец
  • Обел - планински превој на надморска височина од 1291 метри. Ги раздвојува Пијанец со Благоевградската област во Бугарија. Студија за геодиверзитетот
  • Лесковица - планински превој на надморска височина од 751 метар. Ги раздвојува Лакавичка област и Тиквешка Котлина. Во влизина на превојот се наоѓа истоименото
  • Костурино - планински превој на надморска височина од 457 метри. Тој ги спојува Струмичката и Гевгелиско - валандовската котлина. Во близина на превојот
  • Преслап - планински превој на надморска височина од 936 метри. Ги раздвојува Пелагонската Котлина и Мариовската Котлина кај областа Маково. Преминот е

Users also searched:

галичица премин, национален парк галичица,

...
...
...