Топ-100
Back

ⓘ Чарлс Симиќ – српско-американски поет, есеист и преведувач. Еден од најзначајните американски и светски поети и есеисти. Во 1990 година ја добил Пулицеровата на ..




Чарлс Симиќ
                                     

ⓘ Чарлс Симиќ

Чарлс Симиќ – српско-американски поет, есеист и преведувач. Еден од најзначајните американски и светски поети и есеисти. Во 1990 година ја добил Пулицеровата награда за поезија, а во 2017 добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.

                                     

1. Животопис

Чарлс Симиќ е роден како Душан Симиќ во 1938 година во Белград. Во 1953 година со семејството се сели во САД, претходно поминувајќи година дена во Париз. Песни почнал да пишува во средно училиште, како што изјавува во едно интервју, за да им се допадне на девојките. На неговите поетски почетоци особено влијаеле американските поети: Волт Витмен, Емили Дикинсон, Волас Стивенс и др. Неговата прва стихозбирка "Што вели тревата" 1967 одлично е примена од страна на критиката

Како преведувач е особено значаен за популаризација на поезијата на значајни поети од јужносвловенските земји. На англиски превел поезија од: Васко Попа, Иван В. Лалиќ, Љубомир Симовиќ, Милорад Павиќ, Бранко Миљковиќ, Новица Тадиќ, Радмила Лазиќ, како и три антологии на модерна српска поезија, Славко Михалиќ од Хрватска, Томаж Шаламун од Словенија. На англиски препеал и една збирка поезија од Славко Јаневски 2002.

Од 1973 година бил професор на универзитетот во Њу Хемпшир, каде предавал американска книжевност и креативно пишување. Живее во Стафорд, Њу Хемпшир.

                                     

2. Дела

Поетски збирки:

  • 1992, Хотел Несоница
  • 1982, Острини
  • 2008, Таа ситница
  • 2006, Мајмуни околу нас
  • 1990, Книга на богови и ѓаволи
  • 2001, Ноќен излет
  • 1989, Светот не завршува
  • 1999, Jackstraws
  • 2015, Лудак
  • 1969, Некаде меѓу нас каменот фаќа белешки
  • 2010, Мајстор на метаморфози
  • 2003, Гласот во 3 попладне: избрани доцни и нови песни
  • 1978, Училиште за темни мисли
  • 1974, Враќање на местото осветлено со чаша млеко
  • 1996, Шетајќи со црна мачка
  • 1994, Венчавка во пеколот
  • 1986, Бескрајна тага
  • 1971, Разградување на тишината
  • 2005, Моето немо страдање
  • 1980, Класични игри од балската сала
  • 1967, Што вели тревата
  • 1977, Харонова космологија
  • 1972, Бело

Збирки есеи:

  • 1983, Творечки чин
  • 1993, 2008, Алхемија на ситничарницата
  • 2003, Метафизичар во мракот
  • 2006, И ѓаволот е поет
  • 1992, Четири творечки варијации
  • 1995, Невработениот гледач
                                     

3. Награди

  • Награда на српскиот ПЕН центар за превод на српската литература
  • Награда Вилчек за уметност и хуманистика
  • Пулицерова награда за поезија
  • Награда Poeta Laureatus на Конгресната библиотека во Вашингтон
  • Награда "Валас Стивенс"
  • Медалја "Роберт Фрост" за животно дело во поезијата
  • Златен венец на "Струшките вечери на поезијата"
  • Награда "Босански свеќак" на меѓународната поетска манифестација "Сараевски денови на поезијата"
  • Награда "Едгар Алан По"
  • Награда на Американската академија
  • Меѓународна награда за поезија "Грифин"
                                     

4.1. Надворешни врски Портрет

  • Profile and poems of Charles Simic, including audio files, at the Poetry Foundation.
  • Profile and poems written and audio at Poetry Archive
  • poets.org biography, poems written and audio
  • Griffin Poetry Prize biography and video clip
  • Hossack, Irene. "Charles Simic". The Literary Encyclopedia; first published May 4, 2006.
                                     

4.2. Надворешни врски Дела

  • "Seven Prose Poems" by Charles Simic in The Cafe Irreal Issue 13, February 1, 2005
  • Audio recording.mp3 of Charles Simic reading at the Key West Literary Seminar, 2003
  • Simic reading from a collection of his own works Audio, 14 mins
  • Charles Simic Poetry, published in Issue Three and Issue Four of The Coffin Factory
  • Video of Charles Simic reading at Boston Universitys Robert Lowell Memorial Lecture, 2009 60 mins
  • Charles Simic Online Resources, Library of Congress
  • Simic author page and article archive from The New York Review of Books
                                     

4.3. Надворешни врски Интервјуа и критики

  • Mark Ford Spring 2005. "Charles Simic, The Art of Poetry No. 90". The Paris Review.
  • The Cortland Review interview August 1998
  • "Charles Simic: The Orphan Of Silence"; Doctoral thesis by Goran Mijuk, February 1, 2002
  • Poetry featured in The Coffin Factory issues 3 and 4
  • 2008 Bomb Magazine discussion between Charles Simic & Tomaž Šalamun
  • SESSIONS: Confessions of a Poet Laureate, shorts.nthword.com, April 18, 2011
  • An Interview with Charles Simic by Dejan Stojanović Serbian Magazine, August 9–23, 1991 No. 89
                                     
  • добитник на Златниот венец за 2016 Cooltura. Посетено на 2016 - 03 - 21. Чарлс Симиќ е добитник на Златен венец на СВП за 2017 Струшки вечери на поезијата
  • роман, 1999 Gedichte 1950 - 2005, Раскази 1950 - 2005 2006 Разговор со Чарлс Симиќ Радикалниот губитник: англиски превод на една статија на Енцесбергер

Users also searched:

...