Топ-100
Back

ⓘ Верхојански Планини - планински венец во источен Сибир кој се протега во должина од 1.000 км низ Јакутија. Образува голем лак од реките Лена и Алдан на запад до ..




Верхојански Планини
                                     

ⓘ Верхојански Планини

Верхојански Планини - планински венец во источен Сибир кој се протега во должина од 1.000 км низ Јакутија. Образува голем лак од реките Лена и Алдан на запад до реката Јана на исток. Во јужниот дел достигнува висина од 2.480 м. На планините има наоѓалишта на јаглен, сребро, олово и цинк. Сместени се веднаш западно од границата меѓу Евроазиската и Северноамериканската Плоча.

На ова подрачје се забележани најниските температури за населени места во светот и има длабоки снегови највеќето месеци во годината. За време на последниот леднички максимум, венецот имал пространи ледници, па оттука лете планините го имаат тој карактеристичен алпски изглед. Меѓу биомите на Верхојанските Планини се издвојува планинската тундра, каде се застапени разновидни мовови и лишаи.

Планините настанеле со набирање и претставуваат антиклинала.

                                     
  • Сајански Планини 3.492 м Јаблановски Планини 2.800 м Становојски Планини 2.840 м Алдански Планини 2.700 м Верхојански Планини 2.960 м

Users also searched:

...