Топ-100
Back

ⓘ Редосеалка - земјоделска машина која се користи за сеење во изорани редови и леи како и за садење и пресадување садници во земја. Се користи за садење на грутка ..




                                     

ⓘ Редосеалка

Редосеалка - земјоделска машина која се користи за сеење во изорани редови и леи како и за садење и пресадување садници во земја. Се користи за садење на груткасти и репкасти растенија, главчести растенија, семиња и садници на млади дрвја. Редосеалката е специјално дизајнирана и е опремена со цилиндри за производство на бразди, еден или повеќе полначи во кои стојат и од кои се испуштаат и посејуваат семенските материјали, како и со тркала, кои може да се од рапаво железо за дополнително да ја разронат земјата и затрупаат семето. Се прикачува и е влечена од трактор. Постојат повеќе видови на редосеалки во зависност од семето кое што се сее: редосеалка за жито - пченица и јачмен, редосеалка за ориз, редосеалка за пченка, редосеалка за ситни семиња итн. Употребата на редосеалката е многу важна и значајна бидејќи го намалува времето потребно за сеење зрна и садење на садници, во споредба со рачното сеење и пресадување, со што се овозможува повеќе време за берба. Исто така ја намалува употребата на рачна енергија, со што овозможува сеење на многу поголеми површини наеднаш и за пократко време.

                                     
  • и во сточарството, како што се: орање, сеидба, жетва и берба, молзење, складирање итн. Трактор Трактор со прикачена балирка Комбајн Редосеалка Балирка

Users also searched:

euro stil bitola, evrostil m, evrostil mebel, solis 50 mk, xemometal,

...
...
...