Топ-100
Back

ⓘ Савуанско Море - помало море на територијата на Индонезија наречено по островот Саву кој лежи на неговата јужна граница. На југ се граничи со Саву и Рај Џуа, на ..




Савуанско Море
                                     

ⓘ Савуанско Море

Савуанско Море - помало море на територијата на Индонезија наречено по островот Саву кој лежи на неговата јужна граница. На југ се граничи со Саву и Рај Џуа, на исток со островите Роти и Тимор, на север и северозапад со Флорес и Алорскиот Архипелаг, на запад и северозапад со островот Сумба. Помеѓу овие острови на југ и запад морето преоѓа во Индискиот Океан, на север во Флореското Море, на североисток во Бандското Море.

Достигнува длабочина до 3.500 м, а се протега 600 км од запад кон исток, и 200 км од север кон југ. Најголем град на неговите брегови е Купанг 450.000 жит., главен град на покраината Источни Мали Сундски Острови сместен на островот Тимор.

                                     

1. Опфат

Според Меѓународната хидрографска организација, Савуанското Море е една од водните површини на Источноиндискиот Архипелаг, со следниве граници:

На север. По јужната граница на Флореското Море.

На исток. По меридијанот 125° ИГД меѓу Алор и Тимор.

На југ. По линија од југозападниот крај на Тимор до североисточниот крај на Роти, преку овој остров до неговиот југозападен завршеток, а оттаму по линија до Пулу Дана 10°49′S 121°17′E и до ’ртот Нгунџу, јужниот крај на Сумба и низ овој остров до ’ртот Каросо, неговиот западен завршеток.

На запад. Линија од ’ртот Каросо Сумба до Торо Доро 8°53′S 118°30′E на јужниот брег на Сумбава.