Топ-100
Back

ⓘ Ирмингерово Море - рабно море во Северниот Атлантски Океан. Наречено е по данскиот вицеадмирал Карл Лудвиг Кристијан Ирмингер 1802–1888, по кој е наречена и Ирм ..




Ирмингерово Море
                                     

ⓘ Ирмингерово Море

Ирмингерово Море - рабно море во Северниот Атлантски Океан.

Наречено е по данскиот вицеадмирал Карл Лудвиг Кристијан Ирмингер 1802–1888, по кој е наречена и Ирмингеровата Струја.

                                     

1. Географија

Северната граница на морето е Гренландско-исландското Возвишение на дното од Данскиот Проток помеѓу Исланд и источен Гренланд, кој го поврзува со Гренландското Море. На југозапад оди до ’ртот Фарвел јужниот крај на Гренланд и тука преоѓа во Лабрадорското Море. Јужно од ова место се протега отворениот Северен Атлатник. Морското дно на Ирмингеровото Море претежно лежи над Ирмингеровата Котлина, североисточниот продолжеток на Лабрадорската Котлина најг. длаб. 4.600 м, кој на исток се граничи со Рејкјанешкиот Гребен. Ова разграничување е само океанографско и не ги претставува официјалните граници. Ирмингеровото Море е меѓу главните риболовни подрачја на црвениот костреш.

Ирмингеровото Море е долго 480, а широко 290 км во најтесниот дел.