Топ-100
Back

ⓘ Чеџу е најголемиот остров во близина на брегот на корејскиот полуостров, и главниот остров на провинцијата Чеџу во Јужна Кореја. Островот се наоѓа во Корејскиот ..




Чеџу
                                     

ⓘ Чеџу

Чеџу е најголемиот остров во близина на брегот на корејскиот полуостров, и главниот остров на провинцијата Чеџу во Јужна Кореја. Островот се наоѓа во Корејскиот теснец, на југот на Јужната провинција Чола. Островот е природно светско наследство на УНЕСКО. Чеџудо, како инаку се нарекува, има умерена клима. Дури и во зима, температурата ретко паѓа под 0 °C. Чеџу е популарно одредиште за одмор и доста голем дел од економијата се потпира на туризмот и економската активност на неговата цивилно-поморска база.

                                     

1.1. Историја Историски имиња

Историски гледано, островот се нарекувал со многу различни имиња, вклучувајќи:

  • Џуо хангул: 주호, ханча: 胡
  • Џунвонхадо 준원하도, 준원下島 со значење: јужниот дел на полуостровот
  • Донгиеонџу хангул: 동영주 ;ханча: 東瀛州
  • Тангна 탁라, 乇羅
  • Дои хангул: 도이, ханча: 夷 буквално "Островот варварин"
  • Тамора 탐모라, 耽牟羅
  • Келпарт или Келпарте
  • Тамна 탐라, 耽羅
  • Самдадо хангул: 삼다도 - "Островот на трите изобилности"
  • Тиксингнидо хангул: 택승리도 - мирен топол остров
  • Сеомра 섭라, 涉羅

Пред Јапонците да го анексираат во 1910 година, островот на Европјаните им бил познат како Келпарте. Името очигледно потекнува од првиот европски брод, холандскиот Келпарт, кој пристигнал на островот откако скршнал од својот пат до холандската трговска база во Нагасаки, Јапонија, од Тајван тогашна холандска колонија Формоза.

Според корејската евиденција, флота од седумдесет јапонски пирати вокоу го нападнале островот Келпарт и соседните делови на корејскиот полуостров во 1555 година. Кога Кореја била припоена на Јапонија во 1910 година, Чеџу станал познат како Саишу, што е јапонско читање на ханчата за Чеџу.

Пред 2000 година, кога владата на Сеул официјално ја усвоила ревидираната романизација на корејскиот јазик, Чеџудо бил напишан како Чеџу-до. Речиси сите писмени наводи за островот претходно го користеле тој правопис.

                                     

1.2. Историја Чеџуанското востание

Главна статија: Масакрот во Чеџу

Од 3 април 1948 до мај 1949 година, владата на Јужна Кореја спровела антикомунистичка кампања за да се задуши обидот за востание на островот. Главната причина за бунтот биле изборите закажани за 10 мај 1948 година, дизајнирани од страна на Привремената комисија на Обединетите Нации за Кореја UNTCOK за создавање на нова влада за цела Кореја. Изборите биле планирани само за југот на земјата, половината од полуостровот кој бил под контрола на Привремената комисија на ОН. Плашејќи се дека изборите ќе ја засилат понатамошната поделба, герилски борци на Јужнокорејската работничка партија СКЛП реагирале насилно, напаѓајќи ја локалната полиција и десничарските младински групи стационирани на островот Чеџу.

Злосторства биле извршени од двете страни, но оние од Јужнокорејските владини сили биле најдобро документирани. Во масакрот загинале помеѓу 30.000 до 60.000 луѓе, односно, според некои податоци, 10% од вкупното население на островот. Околу 40.000 побегнале во Јапонија за да избегаат од борбите. Децениите по востанието, сеќавањето на настанот се потиснувал од страна на владата со строги казнени мерки. Сепак, во 2006 година, корејската влада се извинила за нејзината улога во убиствата и ветила репарации но до 2010 година, тие не биле исплатени.

Во 2008 година, тела на жртвите од масакрот биле пронајдени во масовна гробница во близина на Меѓународниот аеродром Чеџу.

                                     

2. Географија

Чеџудо е вулкански остров на кој се издига вулканот Халасан висок 1.950 метри и највисоката планина во Јужна Кореја. Островот попречно изнесува околу 73 километри, од исток кон запад и 41 километри,од север кон југ.

Островот се формирал од вулкански ерупции пред околу 2 милиони години, за време на кенозоикот. Се состои главно од базалт и лава.

Областа која покрива околу 12% 224 квадратни километри или 86 квадратни милји од Чеџудо е позната како Готџавалска шума. Оваа област останала некултивирана до 21-от век, чија основа на Aā лава била тешка за развивање земјоделство. Затоа оваа шума има посебна екологија. Таа е главниот извор на подземна вода и оттука главен извор на вода за половина милион луѓе на островот, бидејќи површински продира директно низ пукнатините на Aā лавата под шумата. Готџавал од страна на некои истражувачи се смета за меѓународно значајно влажно тло под Рамсарската конвенција, бидејќи е живеалиште на единствени видови на растенија и претставува главен извор на вода за жителите, иако до денес не е прогласен за рамсарска локација.



                                     

2.1. Географија Формација

  • Пред околу 700 илјади години, на островот се формирал со вулканска активност. Вулканската активност потоа престанала за околу 100 илјади години.
  • Пред околу 300 илјади години, вулканската активност повторно се активирала долж крајбрежјето.
  • Вулканска активност запрела а постојаното атмосферско влијание и ерозијата помогнале да се формира островот.
  • Пред околу 100 илјади години, вулканската активност ја создала планината Хала.
  • Пред околу 25 илјади години, страничните ерупции околу планината Хала оставиле повеќе ореуми помали паразитски конуси на падините на основниот вулкански конус.
  • Пред околу 1.2 милиони години, магматска комора се формирала под морското дно и почнала да еруптира.
  • Пред околу 2 милиони години, островот на Чеџу бил формиран со вулканска активност.
                                     

2.2. Географија Клима

Чеџу има влажна суптропска клима, што го прави потопол од остатокот на Јужна Кореја. Има четири различни сезони на Чеџу. Зимите се студени и суви додека летата се топли, влажни, и понекогаш дождливи.

Во јануари 2016 година, студен бран влијаел на регионот. Поради снегот и студените временски услови биле откажани 1.200 летови на Чеџудо, со околу 90.300 патници.

                                     

3. Места

  • Сеонгсан Илчулбонг или "Врв Изгрејсонце" вулкански конус и кратер туф
  • Музеј на мечиња во Чеџу
  • Сеонгеуп село
  • Музеј на чај ОСулок
  • Халасан, централен и највисок врв на островот
  • Чеџу Лавленд, парк со љубовна и сексуална тематика
  • Лавин канал Манџангул, долг 8 км
                                     

4. Поморска база Чеџу

Во 1993 година, Република Кореја РК започнала да планира поморска база на островот Чеџудо Чеџу, а во 2007 година започнала изградбата во селото Ганџонг, со планирано завршување до 2011 година. Базата била планирана да прими 20 воени бродови, три подморници и два 150.000 тонски крстосувачки бродови, како приватно-воен комплекс, слично на оние во Сиднеј и Хаваи. Жителите на Чеџу, еколозите и опозициските партии се спротивставиле на базата, предизвикувајќи одложувања во изградбата. Базата била завршена во 2016 година, а официјалното име е пристаништето Цивилно воен комплекс Чеџу. Активистите се противат на планот. Активистите се противеле на базата тврдејќи дека ќеима лошо влијание врз околината и ќе му наштети на" Островот на мирот” како што властите го опишувале Чеџу.