Топ-100
Back

ⓘ Дамоклоиди - класа мали планети кои имаат орбити со големо занесување типични за комети како Халеевата, но без кома или опашка. Класата е наречена по првото отк ..




Дамоклоид
                                     

ⓘ Дамоклоид

Дамоклоиди - класа мали планети кои имаат орбити со големо занесување типични за комети како Халеевата, но без кома или опашка. Класата е наречена по првото откриено тело од овој вид, астероидот 5335 Дамокле. Според англискиот астроном Дејвид Џуит, дамоклоидот е тело со Тисеранов параметар во однос на Јупитер од 2 или помалку, додека пак според јапонскиот астроном Акимаса Накамура, групата треба да го задоволи орбиталниот критериум:

  • q < 5.2 ае, a > 8.0 ае, and e > 0.75,
  • или пак i > 90°

Меѓутоа, втората дефиниција која не се осврнува на Јупитер ги изоставува објектите како 127546 2002 XU 93, 2003 WG 166 и 2004 DA 62.

Користејќи го Тисерановиот параметар во однос на Јупитер од 2 или помалку, денес се познати 155 потенцијални дамоклоиди. Од нив, 122 имаат орбитални лакови поголеми од 30 дена под услов на умерена орбита. Имаат просечен полупречник од 8 км претполагајќи албедо од 0.04. Измерени се албедата на четири дамоклоиди, и утврдено е дека тие се меѓу најтемните објекти во Сончевиот Систем. Дамоклоидите имаат црвеникава боја, но не толку црвена како многу објекти од Кајперовиот Појас или кентаурите. Други членови на дамоклоидната класа се 2013 BL 76, 2012 DR 30, 2008 KV 42, 65407 2002 RP 120 и 20461 Диореца.

Повратните објекти како Халеевата комета и дамоклоидот 343158 2009 HC 82 достигнуваат брзини релативни на Земјата од 81 км/с 290.000 км/ч.

                                     

1. Потекло

Се семта дека дамоклоидите се всушност јадра на комети од халеевски вид кои го потрошиле сиот испарлив материјал испуштајќи гасови и со тоа станале "заспани". Ваквите комети веројатно настануваат во Ортовиот Облак. Постојат низа објекти сметани за дамоклоиди добиле привремени ознаки, кои потоа покажале кома и така биле препознаени како комети. Такви се C/2001 OG 108 LONEOS, C/2002 CE 10 LINEAR, C/2002 VQ 94 LINEAR, C/2004 HV 60 Спејсвоч и др. Друг показател за нивното кометно потекло е фактот што некои дамоклоиди имаат повратни орбити, за разлика од останатите мали планети астероиди.

                                     
  • R5 СОХО 1 1996 PW веројатно згасната долгопериодична комета Кентаур Дамоклоид Список на астероиди посетени од вселенско летало Загубена комета If comets

Users also searched:

...