Топ-100
Back

ⓘ Дете. Биолошки, дете е човечко суштество помеѓу фазите на раѓање и пубертет. Правната дефиниција на дете генерално се однесува на малолетно лице. Дете исто така ..




                                     

ⓘ Дете

Биолошки, дете е човечко суштество помеѓу фазите на раѓање и пубертет. Правната дефиниција на дете генерално се однесува на малолетно лице.

Дете исто така може да се користи за опис на односот со родителот или, метафорички, авторитарна фигура, или за означување на членство во клан, племе или религијата; тоа исто така може да се однесува на некој силно погоден од одредено време, место или околност, како во термините "дете на природата" или "дете на шеесеттите години".

Постојат многу социјални проблеми кои влијаат врз децата, како што се образованието, малтретирањето, сиромаштијата, дисфункционалниите семејства, детскиот труд, гладот и бездомништвото. Децата можат да бидат одгледани од родителите, старателите или делумно во дневен центар.

                                     

1. Правни, биолошки, социјални дефиниции

Законски, терминот "дете" може да се однесува на секој под старосната граница. Конвенцијата за правата на детето на ОН го дефинира детето како "човечко суштество под возраста од 18 години, освен ако според законот кој се применува за детето не е одредено поинаку". Ова е ратификувано од страна на 192 од 194 земји-членки. Терминот "дете" исто така може да се однесува на некој под друга законски дефинирана старосна граница неповрзана со возраста на полнолетство. Во Сингапур, на пример, "дете" е правно дефинирано како некој под 14 години според "Акт за децата и младите личности" додека возраста на мнозинство е 21. Според Законот за имиграција на САД, зборот дете се однесува на секој под 21 година.

Биолошки, дете е секој помеѓу раѓањето и пубертетот. Во многу култури, детето се смета за возрасна личност по доживувањето на обред за премин, кој обично но не и секогаш соодветствува со времето на пубертетот.

Децата обично имаат помалку права од возрасните и се класифицирани како неспособни за донесување на сериозни одлуки и законски секогаш мораат да биде под заштита на одговорна возрасна личност, родител или не. Признавањето на детството како состојба различна од возрасноста почна да се појавува во 16 и 17 век. Општеството почна да се однесува кон децата не како минијатурни возрасни личности, туку како личност на пониско ниво на зрелост со потреба од возрасна заштита, љубов и грижа. Оваа промена се забележува во уметничките дела: Во Средниот век, децата биле прикажани во уметноста како минијатурни возрасни личности без детски карактеристики. Во 16 век, сликите на децата почнаа да се стекнуваат со посебен детски изглед. Од доцниот 17 век па наваму, децата биле прикажани како си играат со играчки, а литературата за деца исто така почна да се развива во овој период.

                                     

2. Развој

Секое дете поминува низ повеќе фази на социјален развој. Едно доенче или многу мало дете може да си игра само среќно. Потоа, детето може да си игра со друго дете, постепено учејќи да споделува. Групата расте се поголема, на три или четири деца. Пред да влезе во градинка, детето обично може да се приклучи и да ужива во групните искуства.

Како што децата растат, тие изучуваат како да прават некои нешта по хронолошки редослед. Тие учат како да ги приоризираат нивните цели и активности. Нивното однесување се менува како што тие учат нови перспективи од другите луѓе. Тие учат како да претставуваат некои работи симболично и се учат на нови однесувања.

                                     

3. Здравје

На децата со ADHD и попречености при учењето им е потребна дополнителна помош за да развијат социјални вештини. Импулсивните карактеристики на детето со ADHD можат да доведат до лоши односи со врсниците. Здравствените проблеми што влијаат врз децата понекогаш зависат и од полот; на пример, момчиња имаат поголема веројатност да бидат дијагностицирани со аутизам од девојчињата.

                                     

4. Возраст на одговорност

Возраста на која децата се сметаат за одговорни за нивните социјални дејства на пример бракот, гласањето итн. исто така се има променето со текот на времето и тоа е рефлектирано во начинот на кој тие се третираат според законот. Во римското време, децата се сметале за неодговорни за кривични дела, позиција подоцна усвоена од страна на Црквата. Во 19 век, се сметало дека децата помлади од 7 години не се способни за криминал. Децата на возраст од 7 нагоре се сметале за одговорни за своите постапки. Затоа, тие би можеле да се соочуваат со кривични пријави, да отидат во затвор и биле казнувале како возрасни со бичевање, брендирање или бесење. Денес, во многу земји како Канада и САД, децата на 12 години се сметаат за одговорни за своите постапки. Тие можат да бидат испратени во посебни воспитно-поправни институции.

Истражувањата откриле дека најмалку 25 земји ширум светот немаат специфирана возраст за задолжително образование. Минималната возраст за вработување и склучување на брак исто така се разликуваат низ светот. Во најмалку 125 земји, децата на возраст од 7 до 15 можат да одговараат пред суд и ризикуваат казна затвор за кривични дела. Старосната граница за доброволна/задолжителна воена служба исто така е спорна на меѓународно ниво. Во некои земји, децата се законски обврзани да одат на училиште до 14 или 15 години, но можат да работат пред таа возраст. Правото на образование на децата е загрозено од раниот бракот, детскиот труд и затворот.



                                     

5. Морталитет кај децата

За време на почетокот на 17 век во Англија, животниот век беше само околу 35 години, во голема мера бидејќи две третини од сите деца починале пред возраст од 4 години. Во текот на индустриската револуција, животниот век на децата драматично се зголеми.

Според здравствените експерти, стапката на морталитет кај децата паднала остро од 1990-тите години. Околу 12.6 милиони деца под 5-годишна возраст загинале годишно во светот во 1990 година, а 6.6 милиони во 2012 година. Стапката на морталитет кај доенчињата бележи пад од 90 смртни случаи за секои 1.000 раѓања во 1990 година, на 48 во 2012 година. Највисок просек на стапката на морталитет кај доенчињата има во супсахарска Африка, со 98 смртни случаи за секои 1.000 живородени деца - двојно над светскиот просек од 48.

                                     

6. Образование

Образованието, во општа смисла, се однесува на акт или процес на стекнување на општи знаења, развој на моќта на расудување и резонирање и интелектуална подготовка за возрасниот живот. Формалното образование најчесто се одвива преку школувањето. Правото на образование е признато од страна на некои влади. На глобално ниво, Член 13 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права на Обединетите нации од 1966 година го признава правото на образование на секое лице. Образованието е задолжително во повеќето места до одредена возраст, но не и присуството на училиште, со што се дадени алтернативни опции како домашното школување или e-учењето кои се признаваат како валидни форми на образование во одредени јурисдикции.

Децата во некои земји особено во делови од Африка и Азија често не одат на училиште, или присуствуваат само за кратки периоди. Податоците од УНИЦЕФ укажуваат на тоа дека во 2011 година, 57 милиони деца не одат на училиште; и повеќе од 20% од африканските деца никогаш не посетувале основно училиште или прекинале да одат на училиште пред завршувањето на основното образование. Според извештај на ОН, војните спречуваат 28 милиони деца во светот од добивање на образование, поради ризикот од сексуално насилство и напади во училиштата. Други фактори кои ги држат децата надвор од училиштето вклучуваат сиромаштија, детски труд, социјални ставови и долги растојанија до училиштето.

Во 2017, студија на професорот Андреј Цимпиан укажува дека девојчињата на возраст од 6 години можат од општеството да добијат порака дека "генијот" е поверојатно да се најде меѓу машките. Студијата исто така укажа дека ова води до родови стереотипи.



                                     

7. Ставови кон децата

Социјалните ставови кон децата се разликуваат низ светот во разните култури. Овие ставови се менуваат со текот на времето. Студија од 1988 година за европските ставови за централноста на децата пронајде дека Италија е повеќе дете-центрична а Холандија помалку дете-центрична, со други земји, како што се Австрија, Велика Британија, Ирска и Западна Германија измеѓу нив.

Во 2013 година, стапките на детскиот брак достигнале 75% во Нигер, 68% во Централна Африканска Република и Чад, 66% во Бангладеш и 47% во Индија.

Заштитата на децата од злоупотреба се смета за важна современа цел. Ова ја вклучува и заштитата на децата од експлоатација, како што е детскиот труд, трговијата со деца и продажбата, детската сексуална злоупотреба, вклучувајќи детска проституција и детска порнографија, искористување на децата за воени цели и нелегалните посвојувања. Постојат неколку меѓународни инструменти за овие цели, како што се:

  • Worst Forms of Child Labour Convention
  • Directive 2011/92/EU of the European Parliament and of the Council од 13 декември 2011 година за борба против сексуалната злоупотреба и сексуалната експлоатација на децата и детската порнографија.
  • Optional Protocol on the Sale of Children, Child Prostitution and Child Pornography
  • Optional Protocol on the Involvement of Children in Armed Conflict
  • Council of Europe Convention on the Protection of Children against Sexual Exploitation and Sexual Abuse
  • Hague Adoption Convention
  • Minimum Age Convention, 1973
                                     

8. Итни случаи и конфликти

Итните случаи и конфликти претставуваат детриментални ризици за здравјето, безбедноста и добросостојбата на децата. Постојат многу различни видови на конфликти и итни случаи, на пример, насилство, вооружен конфликт, војна, природни непогоди итн. Во 2010 година околу 13 милиони деца биле раселени поради вооружени конфликти и насилство ширум светот. Каде што насилните конфликти се норма, животите на младите деца се значително нарушени и нивните семејства имаат големи тешкотии при понудата на чувствителна и доследна грижа потребна за здравиот развој на детето. Студиите за ефектот на итните случаи и конфликти врз физичкото и менталното здравје на децата од раѓање до 8 години покажуваат дека кога катастрофата е норма, стапката на PTSD е присутна кај 3 до 87 проценти од засегнатите деца. Сепак, стапките на PTSD кај децата кои живеат во хронично конфликтни услови варира од 15 до 50 проценти.

                                     

9. Детето како тема во уметноста и во популарната култура

  • "Деца" англиски: The Kids - песна на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1973 година.
  • "Дете" - песна на македонската музичка група "Анастасија" од 1998 година.
  • "Детето" англиски: The Kid - американски филм од 1921 година, во режија на Чарли Чаплин.
  • "Детето" француски: LEnfant - белгиски филм од 2005 година, во режија на Жан-Пјер Дарден Jean-Pierre Dardenne и Лик Дарден Luc Dardenne.
                                     
  • Дете каратист анг. The Karate Kid е американски драма и комедија филм, кој претставува обработка на филмот Дете Каратист од 1984 година. Во филмот главна
  • Дете на проповедник е израз што се однесува на дете на проповедник, пастор, ѓакон, викар, лаик водач, свештеник, свештенослужител или друг сличен црковен
  • Политика на едно дете офиц. политика на планирање на семејството, - поранешна политика за контрола на прирастот на населението во Кина воведена меѓу
  • Марко и дете Дукадинче - македонска епска песна за Крале Марко. Додека вечера со мајка му, Крале Марко ја прашува ѕвездата Вечерница, дали некаде има поголем
  • Кадиш за нероденото дете унгарски: Kaddis a meg nem született gyermekért - кус роман на унгарскиот писател Имре Кертес од 1990 година. За време на престојот
  • Мадона со дете италијански: Madonna col Bambino е слика од италијаскиот ренесансен сликар Сандро Ботичели. Создадена околу 1467. Денес е сместена во
  • деца брачен пар со дете деца кои не се во брак родители партнери кои не се во брак со дете деца кои не се во брак мајка со дете деца кои не се во брак
  • Џими Неутрон: Дете гениј англиски: Jimmy Neutron: Boy Genius - американски анимиран филм од 2001 година, во режија на Џон А. Дејвис, според сценариото на
  • возрасни личности од женскиот пол, а терминот девојка е вообичаениот термин за женско дете или адолесцент. Жените обично се способни за раѓање од пубертетот до менопаузата
  • Мадона и дете со ангел италијански: Madonna col Bambino degli Innocenti е слика од италијаскиот ренесансен сликар Сандро Ботичели. Создадена околу 1465 1467
  • Мајка е жена која била во блажена состојба, се породила и израснала дете Поради комплексноста и разликите во социјалните, културните и религиозни дефиниции

Users also searched:

трето дете,

...
...
...