Топ-100
Back

ⓘ Споменик на грабнатото бекче - споменична композиција во Струмица. Споменикот е сместен на тревната површина во Градскиот парк на Струмица и претставува компози ..




                                     

ⓘ Споменик на грабнатото бекче

Споменик на грабнатото бекче - споменична композиција во Струмица. Споменикот е сместен на тревната површина во Градскиот парк на Струмица и претставува композиција од три скулптури од бетон, во природна човечка големина. Доминира фигурата на Гоце Делчев, па револуционерот – комита Андон Ќосето и фигурата на Назлам-бег, синот на струмичкиот бег.

Сите три фигури се поставени на плато. Овие скулптури на симболичен начин го прикажуваат грабнувањето на Назлам-бег, настан кој се случил во септември 1897 година, при еден од престоите на Гоце Делчев во Струмица. Во грабнувањето учествувале Гоце Делчев, Доне Лазаров, Петре Кончалиев и други револуционери.

Споменикот е дело на академскиот ликовен уметник Борис Крстевски, а подигнат е по повод 75. годишнината од Илинденското востание, односно во 1978 година.