Топ-100
Back

ⓘ Грејс Хопер. Грејс Брустер Мари Хопер била американски компјутерски научник и адмирал во морнарицата на САД. Една од првите програмери на Харвард Марк I компјут ..




Грејс Хопер
                                     

ⓘ Грејс Хопер

Грејс Брустер Мари Хопер била американски компјутерски научник и адмирал во морнарицата на САД. Една од првите програмери на Харвард Марк I компјутерот, таа беше еден од пионерите на компјутерското програмирање и таа го измисли еден од првите алатки поврзани со компајлерот. Таа ја популаризирала идејата за машинско-независните програмски јазици, што доведе до развојот на COBOL, ран програмски јазик од високо ниво уште во употреба денес.

Хопер се обиде да се пријави во морнарица во текот на втората светска војна, но таа беше одбиена бидејќи беше 34 години и се сметаше за премногу стара за да се пријави. Наместо тоа таа се приклучи на воените резерви. Хопер ја започна својата компјутерска кариера работејќи на Харвард Марк I тимот кој беше предводен од Хауард Х. Ајкен. Во 1949 година, таа се приклучи на Екерт–Мокли компјутерската корпорација и беше дел од тимот за развој кој го дизајнираше UNIVAC I компјутерот во 1944 година. При нејзината работа во Екерт–Мокли таа почна да го развива компајлерот. Таа верувала дека компјутерскиот код може да биде напишан на англиски јазик со користење на програмски јазик кој се заснова на англиски зборови. Компајлерот требаше да го претвори тој код во машински код кој ќе биде сфатен од страна на компјутерите. До 1952 година Хопер го заврши нејзиниот програмски линкер првично наречен компајлер, кој беше напишан за А-0 системот.

Во 1954 година, Екерт–Мокли ја избрале Хопер да го води нивниот оддел за автоматско програмирање и таа него го водеше при создавањето на некои од првите компилирани јазици како FLOW-MATIC. Во 1959 година таа учествуваше во CODASYL конзорциумот, кој ја консултирал Хопер за да ги води при создавањето на еден машинско-независен програмски јазик. Ова доведе до COBOL јазикот, кој бил инспириран од нејзината идеја за јазик заснован на англиски зборови. Во 1966 година таа се повлече од резервите, но во 1967 година морнарицата побара таа повторно да се врати на активна должност. Таа се повлече од морнарицата во 1986 година и добила работа како консултант за Digital Equipment Corporation, споделувајќи ги нејзините искуства со компјутерите.

Благодарение на нејзините достигнувања и нејзиниот поморски чин таа го доби прекарот "Amazing Grace". Американскиот разурнувач USS Hopper беше именуван според неа, како што беше и Cray XE6 "Хопер" суперкомпјутерот на NERSC. Во текот на својот живот Хопер се здоби со 40 почесни дипломи од универзитети од целиот свет. Еден колеџ во Јеил универзитетот е именуван во нејзина чест. Во 1991 година таа го доби Националнот медал за технологија. На 22 ноември 2016 година таа беше посмртно наградена со Претседателскиот медал на слободата од страна на претседателот Барак Обама.

                                     

1. Некролошки известувања

  • Danca, Richard A. Federal Computer Week 6: 26–27, 1992
  • Sammet, J. E. Communications of the ACM 35 4: 128–131, 1992)
  • Power, Kevin Government Computer News 11: 70, 1992
  • Weiss, Eric A. IEEE Annals of the History of Computing 14: 56–58, 1992
  • Hancock, Bill Digital Review 9: 40, 1992
  • Betts, Mitch Computerworld 26: 14, 1992
  • Bromberg, Howard IEEE Software 9: 103–104, 1992
                                     

2. Дополнителна литература

  • Beyer, Kurt W. September 30, 2009. Grace Hopper and the Invention of the Information Age изд. 1st. Cambridge, Massachusetts: MIT Press. ISBN 978-0-262-01310-9.
  • Williams, Kathleen Broome November 15, 2004. Grace Hopper: Admiral of the Cyber Sea изд. 1st. Annapolis, Maryland: Naval Institute Press. ISBN 978-1-55750-952-9.
  • Williams, Kathleen Broome 2001. Improbable Warriors: Women Scientists and the U.S. Navy in World War II. Annapolis, Maryland: Naval Institute Press. ISBN 978-1-55750-961-1. Williams book focuses on the lives and contributions of four notable women scientists: Mary Sears 1905–1997; Florence van Straten 1913–1992; Grace Murray Hopper 1906–1992; Mina Spiegel Rees 1902–1997.
  • Marx, Christy August 2003. Grace Hopper: the first woman to program the first computer in the United States. Women hall of famers in mathematics and science изд. 1st. New York City: Rosen Publishing Group. ISBN 978-0-8239-3877-3.
  • Norman, Rebecca June 1997. "Biographies of Women Mathematicians: Grace Murray Hopper". Agnes Scott College. Посетено на 2014-11-17.
                                     

3. Надворешни врски

  • Грејс Хопер на Ризницата
  • Norwood, Arlisha. "Grace Hopper". National Womens History Museum. 2017.
  • RADM Grace Hopper, USN Ret. на Wayback Machine archived февруари 24, 2010 from Chips, the United States Navy information technology magazine.
  • The Queen of Code 2015, a documentary film about Grace Hopper produced by FiveThirtyEight.
  • Grace Hopper: Navy to the Core, a Pirate at Heart 2014, To learn more about Hoppers story and Navy legacy navy.mil.
  • Oral History of Captain Grace Hopper - Interviewed by: Angeline Pantages 1980, Naval Data Automation Command, Maryland.