Топ-100
Back

ⓘ Џорџ Робертсон е британски лабуристски политичар кој бил десеттиот Генерален секретар на северноатлантската алијанса од 1999 до 2004 година. Тој служел како Сек ..




Џорџ Робертсон
                                     

ⓘ Џорџ Робертсон

Џорџ Робертсон е британски лабуристски политичар кој бил десеттиот Генерален секретар на северноатлантската алијанса од 1999 до 2004 година. Тој служел како Секретар за одбрана на Велика Британија од 1997 до 1999 година, пред да се вклучил во НАТО.

                                     

1. Животопис

Се родил во Порт Елен на островот Ислеј во Шкотска, тој бил син на полицаец. Тој кога имал 15 години бил вклучен во протести против паркирањето на Американските нуклеарните подморници во Шкотска.

Робертсон се женел со Сандра Валас на 1 јуни 1970 година. Тие имаат два сина и една ќерка.

Робертсон преживеал несреќа во јануари 1977 година, поради што му се скршиле колената и скршила вилицата.

Тој прв се вклучил во Дом на комуни како лабуристски пратеник во 1978 година, откако победил на изборите во Хамилтон во мај истата година, предизвикано од смртта на последниот лабуристски пратеник Алекс Вилсон во март од таа година. Тој бил против кандидат на Марго Макдоналд. Робертсон добил 51% од вкупните гласови. Тој бил повторно избран во собранието на следните пет генерални избори, бил претседател на Лабуритската партија во Шкотска, и бил назначен во држаниот совет. Тој бил назначен за Генерален секретар на НАТО од кога германскиот министер на одбрана Рудолф Шрапинг одбил да биде номиниран за таа позицијата.