Топ-100
Back

ⓘ Робер Нивел. Робер Џорџ Нивел, бил француски војсководач, еден од командантите на сојузничките сили во Првата светска војна. Бил исклучителен артилиерец и страт ..




Робер Нивел
                                     

ⓘ Робер Нивел

Робер Џорџ Нивел, бил француски војсководач, еден од командантите на сојузничките сили во Првата светска војна. Бил исклучителен артилиерец и стратег, но останал прочуен по неговата офанзива во која француските сили доживеале силен пораз во пролет 1917 година.

                                     

1. Животопис

Нивел е роден на 15 октомври 1856 во Тул, Франција, од татко Француз и мајка Британка со протестантска вероисповед. Завршил Политехничко училиште и заминал како подпоручник во артилерија на француската војска. Поради своите квалитети брзо напредувал и веќе во 1913 година имал титула пуковник во артилерија. Бил многу способен командант и организатор за теренска артилерија на полициски и дивизиски трупи. По Битката кај Вордун во 1916 година бил поставен за главен командант на француските сили на Западниот фронт. Во тек и по борбите 1916 година, а посебно по тнр. Предложил офанзивен напад кој бил поддржан и од страна на сојузничките сили.Офанзивата на Нивел која започнала на 16 април 1917, била со катастрофални последици во кои француските сили загубиле над 200.000 војници, а тој бил изложен на силни критики поради огромните загуби и неможноста да се напредува.

Во мај 1917 бил заменет, а неговото место му било доделено на Филип Петен. Му се припишува дека бил нечувствителен и безгрижен во однос на загубите.

По смената заминал во Северна Африка, оттаму се вратил по завршувањето на војната, а се пензионирал во 1921 година. И покрај неуспехот на бојното поле, бил одликуван со Големиот крст на Легија на честа, Робер Нивел починал на 22 март 1924.

                                     
  • нејзиниот командант Робер Нивел По таа битка главниот товар на офанзивни напори на Западниот фронт го преземаат британски сили. Кога Робер Нивел го заменил Жозеф
  • фон Фалкенхај и Принцот Вилхелм, а на француската армија Филип Петен и Робер Нивел Во оваа битка животот го загубиле окулу 698.000 војници, од кои 362

Users also searched:

...