Топ-100
Back

ⓘ Исламот во Косово има долговековна традиција која датира уште од османлиското освојување на Балканот, вклучувајќи го и Косово. Пред Косовската битка во 1389, це ..




Исламот во Косово
                                     

ⓘ Исламот во Косово

Исламот во Косово има долговековна традиција која датира уште од османлиското освојување на Балканот, вклучувајќи го и Косово. Пред Косовската битка во 1389, целиот балкански регион беше христијанизиран и од западната и од источната римска империја. Од 1389 до 1912 година, Косово официјално беше предмет на муслиманската Отоманско Царство и како резултат било постигнато високо ниво на исламизација. Во текот на временскиот период по Втората светска војна, Косово беше управувано од страна на секуларните социјалистички органи на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. За време на овој период, Косоварите станале посекуларизирани. Денес, 96% од косовското население се од муслиманско семејно потекло, повеќето од кои се етнички Албанци. Исто така постојат и муслимани со словенски мајчин јазик кои се идентификуваат како Бошњаци и Горанци, како и Турци.

                                     

1. Историја

До шеснаесеттиот век степенот на исламизација во Косово бил минимален и главно ограничен на урбаните центри. Темпото на исламизација значително се зголеми во втората половина на шеснаесеттиот век, веројатно бидејќи нововерците на тој начин станале ослободени од цизија, данок за не-муслиманите; даночното оптоварување имало тенденција да се зголемува како што отоманската власт станувала под закана од надворешните христијански сили. Во однос на католичките Албанци, Католичката црква била помалку моќна и понепривилегирана во рамките на Отоманското Царство од Српската православна црква и со помал кадар; Бекташкиот ред на дервиши спровеле кампањи за конверзија кои ги нагласувале сличностите помеѓу нивната верзија на исламот и христијанството Бекташите пиеле вино и имале квази-тринитарна доктрина. Феномен на "крипто-католицизам" се разви во косовското албанско општество, каде што голем број на луѓе официјално конвертирале во исламот, но ги следиле католичките обичаи приватно. Од 1703 година црковните декрети ја забраниле оваа практика и не прифатиле дека крипто-католиците би можеле да ги примат светите обреди. Во 1717 година, дамата Марија Вуртли Монтагу, сопругата на британскиот амбасадор на Високата порта напиша дека нејзината албанска придружба од Белград до Истанбул тврдела дека оди во џамија во петок и во црква во недела. Албанците во Косово кои живееле како муслимани се декларирале како католици за да ја избегнат регрутацијата сè до 1845 година.

                                     

2. Косовската војна

Бројни албански културни објекти во Косово биле уништени за време на Косовската војна 1998-1999, што претставувало воено злосторство кое ги прекршувало Хашките и Женевските конвенции. Од 498-те џамии во Косово кои биле во употреба, Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија ICTY документирал дека 225 џамии претрпиле штета или уништување од страна на југословенската српска армија. Се на се, осумнаесетте месеци на југословенската српска противбунтовна кампања помеѓу 1998-1999 во Косово резултирала со 225 или третина од вкупно 600 џамии оштетени, вандализирани или уништени заедно со друга исламска архитектура за време на конфликтот. Суфиски домови теќи, исламски теолошки училишта медреси и исламски библиотеки претрпиле штета или уништување, што резултирало со губење на ретки книги, ракописи и други збирки на литература. Архиви кои припаѓале на Исламската заедница на Косово со евиденција која опфаќала 500 години исто така биле уништени. За време на војната, исламското архитектонско наследство за југословенските српски паравоени и воени сили било симбол на албанското културно наследство со што уништувањето на несрпското архитектонско наследство била методична и планирана компонента на етничкото чистење во Косово. По војната, бран на одмаздувачки напади на десетици српски православни цркви од страна на муслимански Албанци резултирал со нивно оштетување или уништување. Овие напади ефикасно завршиле по шест недели, на крајот од август 1999 година, по жалбите од косовските политички водачи и муфтијата.

                                     

3. Организација

Од времето на Југославија, официјалната организација на муслиманите во Косово била Исламската заедница на Косово алб: Bashkesia Islame e Legjislaturen, раководена од великиот муфтија, кој моментално е Наим Тернава. Бекташките теќиња се предмет на бекташкиот ред и во некои области финансирањето од Саудиска Арабија или други земји доведе до загриженост за можни вахабистички обиди да се влијае врз Косово и неговите општествени појави, иако ваквите влијанија ретко се забележливи.

                                     

4. Меѓурелигиски односи

Веќе долго време постојат контакти помеѓу Исламската заедница на Косово и Католичката црква на Косово и во 2011 година започнаа редовни состаноци на ниво на муфтиите и епископите и на Католичката црква и на Српската православна црква во Косово.

                                     

5. Политичко влијание

Додека поединечни политичари можат да бидат под влијание во однос на нивните ставови или одлуки од страна на исламски верувања, само една политичка партија - Партијата за правда Алб: Partia e Drejtesise во својата партиска програма вклучува посветеност на традиционалните исламски вредности. Таа се залагаше во 2010 година за исламска верска настава во државните училишта за деца од семејства со муслиманска позадина, но ова беше одбиено од страна на косовсото Собрание. На парламентарните избори во Косово таа беше дел од изборната коалиција предводена од AKR Алијансата за ново Косово заедно со цврсто секуларни партии, веројатно поради многу малата веројатност да се достигне прагот за добивање на парламентарна репрезентација. AKR коалицијата беше на четвртото место на изборите со 7.29% од вкупните гласови.

                                     

6. Дополнителна литература

  • Bajgora, Sabri 2014. Destruction of Islamic Heritage in the Kosovo War 1998-1999. Pristina: Interfaith Kosovo, Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Kosovo. ISBN 9789951595025.
                                     

7. Надворешни врски

  • Qendra per Studime Islame
  • Targeting History and Memory, SENSE - Transitional Justice Center).
  • Islam in Kosovo
  • Bashkesia Islame e Kosoves
                                     
  • Италијанци. Градот останал центар на исламот во Албанија и после турската власт. Откако на Битолскиот конгрес во 1908 година латиницата е избрана за пишан
  • нетолеранција и според која Европа би била помалку културно богата без исламот Присуствувале околу 10.000 други лица вклучувајќи го и љубљанскиот градоначалник
  • Брод е село во јужниот дел на Република Косово во планинскиот регион Гора, во општината Драгаш. Припаѓа на Призренскиот округ. Мнозинството од жители
  • занимава со улогата на жените во исламот Тој има за цел да постигне целосна рамноправност на сите муслимани, независно од полот, во јавниот и приватниот живот
  • што ефективно го блокира исламот од добивање на статус на официјална религија во земјата. Словачка е единствената земја во рамките на Европската Унија
  • католицизмот. Јужните Словени се поделени меѓу два христијански правци и исламот па така Бугарија, Македонија, Србија и Црна Гора се доминантно православни
  • статија: Исламот во Македонија Според културата, којашто ја негуваат, Албанците во македонија се слични на Албанците во Србија особено Косово и Албанија
  • XVIII век во ова село почнале да се населуваат муслимани од мијачките - торбешки села кај Радика. Некои заостанати христијани го примиле исламот и така се
  • 9 Хрвати Покрај овие, јужнословенски народи има и во Австрија Албанија Грција Италија Косово Романија Турција Унгарија Јужните Словени се поделени
  • во исламот Таа имала големо влијание врз султанот, што им помогнало на нејзините луѓе, земја и семејство да ги преживеат турбулентните времиња. Во Битката
  • се етничка група која воглавно живее во Албанија и Косово Албанците се застапени и во околните земји, како во Македонија, Црна Гора, Србија и Грција
  • османлиското освојување на Албанија во доцниот XIV век. Османлиите преку својата администрација и војска го донеле исламот во Албанија преку разни политики

Users also searched:

...