Топ-100
Back

ⓘ Мрежен опслужувач значи: Сметач кој е одговорен да ги прифаќа HTTP-барањата од клиентите, познати како прелистувачи, и да дава HTTP одговори на овие барања кои ..




Мрежен опслужувач
                                     

ⓘ Мрежен опслужувач

Мрежен опслужувач значи:

  • Сметач кој е одговорен да ги прифаќа HTTP-барањата од клиентите, познати како прелистувачи, и да дава HTTP одговори на овие барања кои може да бидат проследени и со дополнителни податоци, кои најчесто се мрежни места во облик на HTML-документи или поврзани објекти слики, мултимедијални податотеки.
  • Сметачки програм кој ја обезбедува функционалноста опишана погоре.

Основна фунцкија на опслужувачот е да овозможи доставување на мрежни страници до клиентите. Тоа значи доставување на HTML документи и друга содржина која може да биде вклучена во документот, како на пример слики, стилови и JavaScript.

Клиентот, најчесто некој прелистувач или пребарувач, ја иницира комуникацијата со испраќање барање за некој документ со користење на HTTP. опслужувачот одговара со испраќање на содржината на тој документ. Документот вообичаено е некоја податотека сместена некаде на секундарната меморија на опслужувачот, но не мора неопходно да биде така, тоа е зависино како опслужувачот е спроведен.

Иако основната функција на опслужувачот е да овозможи доставување на страници, целосната имплементација на HTTP вклучува и начин на примање на содржини од клиентите. Оваа функционалност се користи за прифаќање на податоците од форми, како и подигање на податотеки.

Многу генерички опслужувачи исто така подржуваат и извршување на скрипти анг. server-side scripting, пример PHP, Python, Java. Тоа значи дека својствата на опслужувачот може да се програмираат со помош на скрипти, додека HTTP софтверот останува не променет. Оваа функционалност се користи за создавање на HTML документи во лет, т.е. станува збор за динамички страници.

Опслужувачите не се користат само за опслужување на world wide web, тие исто така може да се најдат вгнездени во некои уреди, како на пример кај печатачите, рутерите, мрежните камери и сл. каде опслужувачот може да се користи како дел од системот за надгледување и/или администрирање на уредот за кој станува збор.

                                     
  • опслужувачи се податочен опслужувач податотечен опслужувач поштенски опслужувач опслужувач за печатење, мрежен опслужувач приложен опслужувач или некој друг
  • повеќето сервиси за мрежен мониторинг тестираат одреден опслужувач некаде помеѓу еднаш за 1 час и еднаш во минута. Сервисите за мрежен мониторинг обично
  • Мрежен уред познат и како мрежна опрема или компјутерски мрежен хардвер електронски уреди што се потребни за комуникација и заемнодејствување помеѓу уредите
  • за јазол зависи од мрежата и протоколниот слој на кој припаѓа. Физички мрежен јазол е активен електронски уред кој е прикачен на мрежата и е способен
  • се врши нивно прелистување прегледување или пак на некој мрежен опслужувач или опслужувач од англ. web server до кој може да се пристапи преку сметачка
  • Microsoft Outlook без Exchange Server, или Windows Calendar или може да биде мрежен пакет кој овозможува споделување на информации помеѓу корисниците како
  • за јазол зависи од мрежата и протоколниот слој на кој припаѓа. Физички мрежен јазол е активен електронски уред кој е прикачен на мрежата и е способен
  • доржина корисникот може да ја прелистува. Компонентите на мрежата се опслужувач мрежен клиент, HTML јазик за означување на хипертекст URL пронаоѓач на
  • состојбата во одредено време, овој протокол е уште познат како Едноставен мрежен протокол за време Simple Network Time Protocol - SNTP Се користи во некои
  • со другите уреди во мрежата се нарекува мрежен хост. Секој хост, во принцип, мора да биде опремен со мрежен адаптер мрежна картичка како хардверска
  • апликации за корисниците или за другите јазли на интернет. Мрежниот домаќин е мрежен јазол, на кој и е додадена мрежна хост адреса. Сметачите учествувајќи во