Топ-100
Back

ⓘ Борка Павиќевиќ била родена во Котор во 1947 година. Како дете се преселила во Белград и таму ги завршила основното образование, гимназијата, а подоцна и Академ ..




Борка Павиќевиќ
                                     

ⓘ Борка Павиќевиќ

Борка Павиќевиќ била родена во Котор во 1947 година. Како дете се преселила во Белград и таму ги завршила основното образование, гимназијата, а подоцна и Академијата за театар, филм, радио и телевизија. Дипломирала во 1971 година, а во 1976 година, на истиот факултет ги завршила и магистерските студии.

Основоположник е на театарот "Нови сензибилности", во старата белградска пивара, во 1981 год; подржувач е на либерализмот и пацифизмот.

Од 1984 до 1991 година учествувала во уметничкото движење "КПГТ". Во почетокот на 1990-тите години, била уметнички директор на Белградскиот драмски театар, кое место го напуштила поради политички недоразбирања.

Павиќевиќ била драматург во Атеље 212, БИТЕФ, а од 1994 година го водела Центарот за културна деконтаминација, Павиљон Вељковиќ, и била ко-основоположник на невладината организација Белградски круг.

Павиќевиќ се занимавала и со публицистика. Пишувала колумни во повеќе весници: Сусрет, НИН, Књижевне новине, а сега пишува за весникот Данас.

Центарот за културна деконтаминација, кој таа го основала, има организирано повеќе од 5000 настани, изложби, протести и предавања. Била потпишувач на декларацијата Движење за граѓански отпор, во 2012 г., и е соавтор на книгата "Белград мој Белград".

Се појавила и во два документарни филма "The Weight of Chains 2" и "Лауш".

                                     

1. Награди и признанија

Павиќевиќ има освоено бројни награди:

  • Наградата Освајување на слободата на Фондацијата Маја Маршиќевиќ Тесиќ, за дела кои ги потврдуваат принципите на човечките права, владеење на правото, демократија и толеранција 2005
  • Награда Роутес, Амстердам 2009/2010
  • Национален орден Легија на честа од Владата на Република Франција 2001
  • Наградата Ото Рене Кастиљо за политички театар, Њујорк 2000
  • Наградата Хирошима фондација за мир и култура 2004