Топ-100
Back

ⓘ Исламот во Чешка. Според пописот од 2017 година, околу 20.000 муслимани живеат во Чешка, во споредба со 3.400 во 2010 година и 495 во 1991 година. Речиси сите м ..




Исламот во Чешка
                                     

ⓘ Исламот во Чешка

Според пописот од 2017 година, околу 20.000 муслимани живеат во Чешка, во споредба со 3.400 во 2010 година и 495 во 1991 година. Речиси сите муслимани во Чешка се Сунити.

Постојат повеќе исламски центри во Чешка и тоа главно во Прага и Брно, потоа во Теплице, Храдец Кралове, Либерец, П’лзењ, Карлови Вари и селото Колова. Во 2004 година локалните власти ги одбиле плановите за изградба на џамија во селото Орлова.

                                     

1. Историја

Првите документирани посети во Чешка од страна на лице со познавање на исламот биле направени во 964-965 година од Ибрахим ибн Јакуб, еврејски трговец од тогашна муслиманска Шпанија. Неговите мемоари подоцна биле објавени и со тоа станеле едни од првите записи за Средна Европа во исламскиот свет.

За време на двете опсади на Виена, групи на отоманската армија достигнале до Моравија. Силни трговски врски меѓу Австроунгарија и Отоманското Царство биле воспоставени во текот на 19 век.

Традиционално, влијанието на исламот врз култура на Чешка било многу мало.

                                     

2. Модерна ера

Закон од 1912 година донесен од страна на Австроунгарската монархија го призна исламот како "државна религија" и со тоа официјално било дозволено неговото присуство на територијата на денешна Чешка. Првата муслманска заедница Muslimské náboženské obce pro Československo била основана во 1934 година и укината во 1949 година. Обидот за создавање на нова заедница во 1968 година беше неуспешен. Во 1991 година бил основан Центарот за муслимански заедници чешки: Ústředí muslimských náboženských obcí. Во 1998 година првата џамија беше изградена во Брно. Обиди за изградба на џамии во другите градови биле стопирани од страна на локалните граѓани. Во 2004 година исламот беше официјално регистриран во Чешка, како резултат на ова заедницата има право да добива финансии од државата.

Поголемиот дел од муслиманите се од Босна и Херцеговина од почетокот на 1990-тите и поранешните земји на Советскиот Сојуз главно од Кавкаската област, од крајот на 1990-тите до денес. Значаен и влијателен дел се и муслиманите од средната класа од Египет, Сирија и од други делови на Средниот Исток обично луѓе кои студирале во Чехословачка и одлучиле да останат. Неколку стотици муслимани се Чеси кои конвертирале.

                                     

3. Стравувања за исламски фундаментализам

Претседателот Милош Земан е меѓу они кои изразиле страв дека исламскиот тероризам може да ја загрози безбедноста во Чешка. Во август 2016 година за првпат чешки граѓанин беше обвинет под сомневање дека се обидел да се приклучи на ИДИС.

                                     

4. Извори

  • Miloš Mendel, Bronislav Ostřanský, Tomáš Rataj, Islám v srdci Evropy, Praha, Academia, 2008. ISBN 978-80-200-1554-9
  • Miloš Mendel, Jiří Bečka, Islám a české země, Olomouc, Votobia, 1998. ISBN 80-7220-034-8
                                     
  • Исламот е најраспространета религија во Босна и Херцеговина. Исламот во земјата бил воведен во 15 и 16 век, како резултат на османлиското освојување на
  • 700.000 или 4, 6 од вкупното население во Русија не биле поврзани со ниту една исламска школа и гранки. Исламот е дел од руското историско наследство
  • Исламот во Унгарија има долга историја која датира најрано од 10 век. Влијанието на сунитскиот ислам беше особено нагласено во 16 век, за време на Отоманскиот
  • територија и воведе Исламот Третиот син на Иван, Станиша Црнојевиќ беше првиот истакнат црногорец со муслиманската вера и од тогаш исламот не беше невообичаена
  • Исламот во Косово има долговековна традиција која датира уште од османлиското освојување на Балканот, вклучувајќи го и Косово. Пред Косовската битка во
  • нетолеранција и според која Европа би била помалку културно богата без исламот Присуствувале околу 10.000 други лица вклучувајќи го и љубљанскиот градоначалник
  • и Чешка Балтичките држави Естонија, Латвија и Литванија имаат значително словенско население, во Естонија околу 28 од населението се Словени, во Латвија
  • што ефективно го блокира исламот од добивање на статус на официјална религија во земјата. Словачка е единствената земја во рамките на Европската Унија
  • заедници во Европа. Според пописот од 2011 година, бројот на мујслимани кои живееле во земјата бил 1, 508. Поради малиот број на муслимански верници во земјата
  • Лутеранска црква на Литванија Во Литванија, исламот има долга историја за разлика од многу други северните европски земји. Во времето на Големото Кнежевство
  • муслиманските арапи од Пиринејскиот Полуостров. Така, исламот продолжил да се пробива низ христијанска Европа, па во текот на 7 век и 8 век поголем дел од средоземните
  • Орхан I во 1344 година го зазел Кајсери, таа била испратена во османлискиот харем, а подоцна и омажена за Мурат I. По примањето на исламот таа го демонстрирала

Users also searched:

...