Топ-100
Back

ⓘ Јужноарапско писмо. Древно јужноарапско писмо - согласно писмо кое се користело за пишување на древните јужноарапски јазици. Писмото настанало во 9 век п.н.е. о ..




Јужноарапско писмо
                                     

ⓘ Јужноарапско писмо

Древно јужноарапско писмо - согласно писмо кое се користело за пишување на древните јужноарапски јазици. Писмото настанало во 9 век п.н.е. од прасинајското писмо. Најраните записи на ова писмо датираат од 9 век п.н.е. и истите се пронајдени во регионот на Северното Црвено Море во Еритреја. Како согласно писмо, абџад, се бележеле само согласките и немало букви за самогласки.

Писмото се користело до 6 век, кога овие јазици и ова писмо биле заменети од арапскиот јазик и неговото писмо. Во Етиопија и Еритреја ова писмо се развило во денешното етиопско писмо, кое со одредени симболи и измени се користи за современите амхарски, тигриња и тигре, меѓу другите.

                                     

1. Особености

  • Најчесто се пишувало од десно кон лево, но можело да се пишува и обратно. Кога се пишувало од лево кон десно, буквите се вртеле хоризонтално
  • Немало надредни знаци, за разлика од арапскиот кој користи такви знаци.
  • Одделувањето помеѓу зборовите се вршело со вертикална цртичка |.
  • Буквите не се споени една со друга како во арапскиот.
                                     

2. Форми

Јужноарапското писмо имало две форми: "муснад" или писмо кое се користело за споменици и натписи и "забур" ракописна форма која се користела за секојдневна комуникација. Древните Јеменци го користеле ова ракописно писмо за пишување на секојдневни документи, најчесто на дрвени плочки или стапови. Мал број артефкати се научно издадени во публикациите бидејќи читањето на таквото ракописно писмо е отежнато за разлика од стандардното

                                     

3. Уникод

Јужноарапското писмо било додадено во уникод во октомври 2009 година со издавањето на верзијата 5.2. Уникодниот блок за јужноарапското писмо е U+10A60–U+10A7F.

                                     
  • Етиопија датираат од 9 век пр.н.е. во античкото - јужноарапско писмо кое е познато како епиграфско јужноарапско ЕСА абџадски систем споделен со современите
  • од мала група луѓе во северозападен Јемен. Јазиците имале свое писмо - јужноарапско писмо Важно е да се напомене дека денешните јужноарапски јазици не
  • Феникиска азбука, феникиско писмо или пракананско писмо - систем на пишување на феникискиот јазик. Азбуката или писмото е согласно писмо абџад за што карактеристично

Users also searched:

...