Топ-100
Back

ⓘ Мајка Ерменија е женска персонификација на Ерменија. Нејзиниот визуелен приказ е монументална статуа во паркот Победа со поглед на главниот град на Ерменија, Ер ..




Мајка Ерменија
                                     

ⓘ Мајка Ерменија

Мајка Ерменија е женска персонификација на Ерменија. Нејзиниот визуелен приказ е монументална статуа во паркот "Победа" со поглед на главниот град на Ерменија, Ереван.

                                     

1. Статуата во Ереван

Статуата која денес се наоѓа на тоа емсто била замена за споменик на Јозеф Сталин кој бил поставен како споменик за победата во Втората светска војна. За време на владеењето на Сталин со Советскиот Сојуз, Григор Харутјунјан, генералниот секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија во советска Ерменија и член на владата, ја надгледувал изградбата на споменикот, кој бил завршен и отворен за јавноста на 29 ноември 1950 година. Статуата била дело на вајарот Сергеј Меркуров. Постаментот бил дизајниран од архитектот Рафаел Израелијан. Израелијан го дизајнирал пиедесталот налик на основата на базилика на ерменска црква, а подоцна изјавил дека знаел оти славата на диктаторите е минлива, па затоа создал пиедестал налик на основа на ерменска црква, кој може да служи и за друг споменик. За разлика од десните аголни форми на надворешниот изглед, ентериерот е лесен и пријатен за окото и наликува на црквата од седми век посветена на Света Хрипсима.

Во пролетта 1962 година, статуата на Сталин била отстранета, при што еден војник бил убиен а повеќе биле ранети. Статуата била заменета со статуа на Мајка Ерменија, дизајнирана од Ара Харутјунјан.

"Мајка Ерменија" е статуа висока 22 метри, а целиот споменик заедно со основата е висок 51 метри. Статуата е направена од бакра, а пиедесталот од базалт.

                                     

2. Симболизам

Статуата на Мајка Ерменија симболизира мир преку сила. Посетителите ги потсетува на некои од истакнатите женски фигури во ерменската историја, како што е Сосе Мајриг и други, кои зеле оружје за да им помогнат на своите сопрузи во нивните судири со турските војници и курдските воени сили. Исто така, го симболизира важниот статус и вредноста што им се припишува на постарите женски припадници во ерменското семејство.

Местоположбата на статуата на рид од каде се гледа Ереван, создава впечаток дека таа е заштитник на главниот ерменски град. Секоја година на 9 мај, илјадници Ерменци ја посетуваат статуата на Мајка Ерменија и положуваат цвеќе во сеќавање на ерменските маченици од Втората светска војна. Со пиедесталот, во ко је сместен музеј, раководи Министерството за одбрана на Ерменија. Денес, најголем дел од поставката е посветен на војната за Нагорно-Карабах од 1988–1994 година. Изложени се лични предмети, оружје и документи на учесниците во војната, а ѕидовите се украсени со нивни портрети. Меѓу другите историски артефакти, поставена е мапа која ја користеле ерменските сили при воениот напад на Шуши.

                                     
  • Канакер - Зејтун во Ереван, главниот град на Ерменија Советска Каќуша во паркот Советски С - 75 Двина во паркот Статуата на Мајка Ерменија во паркот Victory Park - Armenian
  • Вајоц Ѕор ерменски: - Վայոց Ձոր е покраина во Ерменија Лежи на југоисточниот дел од земјата и се граничи со Азербејџан на исток и запад, и има површина
  • млади уметници во Ерменија и Советскиот Сојуз. Од 1968 година до неговата смрт во 2014 година бил член на Сојузот на уметници на Ерменија Неговите дела
  • патријарх и црковен отец. Роден е во Антиохија, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја старогрчката филозофија, изразил голема одбивност
  • амбасадор во Јапонија на краткотрајната Република Ерменија во 1918 - 1920. Таа е првата жена од Ерменија дипломат, и веројатно првата жена која била назначена
  • цитаделата на Еребуни во 782 година п.н.е., која е денешниот главниот град на Ерменија Ереван. Син и наследник на Менуа, тој ја продолжи серијата на освојувања
  • клиентски крал на Ерменија од 20 година п.н.е. до 10 година п.н.е. Тигран III беше втор син на Артавазд II Ерменски и анонимна мајка Тигран III имал постар
  • Тиридат го прогласил христијанството за државна религија во Ерменија и со тоа, кралството Ерменија е првата држава која официјално го прифатила христијанството
  • Јудеа победил во Опсадата на Газа. 95 п.н.е.: Тигран Велики станал крал на Ерменија 93 п.н.е.: Ариобарзан I Филоромеј станал крал на Кападокија, со поддршка
  • Анастасиј II го назначил нејзиниот сопруг Артавазд за владетел стратег на Ерменија По падот на Анастасиј, Артавазд направил договор со неговиот соработник

Users also searched:

...