Топ-100
Back

ⓘ Стрниште - ожнеано поле, нива или земјоделска површина каде што останале само сламките. Постојат два вида на остатоци од земјоделски култури на нивите односно н ..




Стрниште
                                     

ⓘ Стрниште

Стрниште - ожнеано поле, нива или земјоделска површина каде што останале само сламките. Постојат два вида на остатоци од земјоделски култури на нивите односно на стрништата по жетвата. Остатоци на полето стрниште се материјали што се оставаат на полињата и земјоделските обработени површини или овоштарници откако ќе се соберат зрелите посеви и плодови од земјоделските култури. Овие остатоци вклучуваат стебленца и слама, лисја и семиња. Остатокот може да се ора директно во земјата или прво да се запали. Палењето на стрништа кое е раширено ширум светот е честа причина и за пожари. Доброто управување со остатоци од теренот може да ја зголеми ефикасноста на наводнувањето и контролата на ерозијата. Обработливите остатоци се материјали оставени на стрништата откако културата е обработена во корисна суровина. Овие остатоци вклучуваат лушпи, семиња и корени. Тие можат да се користат како животинска добиточна храна и додаток за збогатување на плодноста на почвата како ѓубрива и во производството.

                                     
  • Скопје. Еден од неговите најзначајни проекти е режирањето на претставата Стрниште затвор за жени во која што главната улога ја игра глумицата Николина
  • сценарија за филмови. На љубителите на пишаниот збор им ги подари книгите: Стрниште Досилување, Макадам раскази, 1987 Како да станам свој студија, 1991

Users also searched:

...
...
...