Топ-100
Back

ⓘ Кирил Георгиевски – Дејан - македонски комунист, првоборец, инженер-архитект, политичар, државник и резервен потполковник на ЈНА. Бил носител на Партизанска спо ..




Кирил Георгиевски
                                     

ⓘ Кирил Георгиевски

Кирил Георгиевски – Дејан - македонски комунист, првоборец, инженер-архитект, политичар, државник и резервен потполковник на ЈНА. Бил носител на Партизанска споменица 1941.

Завршил Технички факултет во Белград. Како член на КПЈ 1941 дејствувал во народно-ослободителното движење во Скопје 1941-1943, поради што во отсуство бил осуден на смрт. Во НОАВМ бил член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ од кон крајот на 1943. Бил избран за: делегат за Второто заседание на АВНОЈ, делегат-учесник на Првото заседание на АСНОМ и заменик на началникот на ОЗНА за Македонија до 1945 година.

По Ослободувањето бил министер за комунални работи на НРМ, претседател на Планската комисија на НРМ, претседател на Советот за пошумување на голините, генерален секретар на Владата на НРМ, претседател на Републичкиот совет на Собранието на СРМ, член на ЦК на КПМ/СКМ и на ЦК на КПЈ/СКЈ и претседател на Црвениот крст на Македонија.

                                     
  • Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во 2013 година, Драган Георгиевски ја објавил збирката куси раскази со наслов Метаморфузија
  • Љупчо Георгиевски или Љубчо Георгиевски 17 јануари 1966, Штип е претседател на ВМРО - Народна партија. Тој е првиот претседател на ВМРО - ДПМНЕ, од нејзиното
  • СФР Југославија. Георгиевски извесен период настапувал и заедно со великаните на најтрофејниот македонски клуб Мето Спасовски и Кирил Дојчиновски. Една
  • Константин Георгиевски р. на 9 октомври 1977 г. во Охрид, СФР Југославија - тековен вршител на должноста градоначалник на Општина Охрид од декември
  • Горан Георгиевски Мујо Куманово, 2 декември 1969 Куманово, 4 април 2005 - македонски бранител и поранешен командант на расформираната Единица за
  • Ташко Георгиевски 15 март 1935 - 13 април 2012 - македонски раскажувач, романописец и филмски сценарист, по потекло од Егејска Македонија. Во современата
  • За други значења видете на појаснителната страница Кирил Пејчиновиќ - Тетоец 1771 - 1845 - македонски просветителски автор кој сите свои дела ги напишал
  • Свети Кирил и Методиј старословенски: Кѷриллъ и Меѳодїи - македонски браќа од Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените
  • Свети Кирил Солунски или Константин Филозоф заедно со својот брат Методиј - основоположник на словенската писменост и култура. Покрај тоа тој бил и учител
  • Христо Георгиевски 24 октомври 1943 во Куманово - 3 јуни 2000 во Белград, Србија македонски поет, есеист, критичар, книжевен историчар. Завршил Филолошки
  • игран филм професионално бил ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот Цената на градот 1970 Во 1971 година Ценевски го режира